Путин во Минск: „Успеавме да се договориме за најважното“

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави по разговорите во Минск дека е договорен прекин на огнот од 15 февруари и повлекување на тешкото вооружување.

Претседателот на РФ Владимир Путин ја даде следнава изјава по 16-часовните разговори на „Нормандиската четворка“ во Минск:

„Се договоривме, според мене, за многу нешта. Како прво – се договоривме за прекин на огнот од нула часот на 15 февруари", рече рускиот лидер.

Втората позиција која претседателот на РФ ја смета за исклучително важна е повлекувањето на тешкото вооружување „од моменталната линија на судир за украинската војска и од линијата, означена на 19 септември минатата година во Минската спогодба – за борците на Донбас.“

Путин изјави дека на крајот на разговорите се потпишани два документа.

„Штотуку беше потпишан документ од Минската контакт-група, се вика пакет-мерки наменети за имплементација на Минската спогодба“, нешто слично на тоа“, изјави Путин откако имаше малку мака да го каже точниот назив на документот.

Според него, „вториот документ е без потписи, тоа е изјавата на претседателот на Франција, претседателот на Украина, вашиот покорен слуга и канцеларот на СРГ дека ние го поддржуваме овој процес.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња