Западни медиуми: 75% од Швеѓаните поверуваа во приказната со странската подморница

Анкетата покажала дека 75% од жителите на Шведска поверувале во податоците кои доаѓале од Војската.

Повеќето жители на Шведска веруваат во информациите кои доаѓаат од војската, особено на информацијата дека покрај бреговите на Стокхолм се појавила странска подморница, пишува весникот „Вестерботенски курир“, повикувајќи се на анкета извршена од Sifo.

 

Анкетата покажала дека 75% од жителите на Шведска поверувале во податоците кои доаѓале од Војската, 11% дале негативен одговор, а 14% од Швеѓаните не дале никаков одговор.

Претходно беше соопштено дека министерството за одбрана на Шведска има докази за странска подморница покрај бреговите на земјата. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека не постојат никакви подморници во територијалните води на Шведска. Подоцна МНР на Шведска призна дека „нема потврда“ за присуство на подморница во Балтичкото море. Шведска потроши 2,7 милиони долари за безуспешното барање на странската подморница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња