Путин: Во пензија ќе играм хокеј

Претседателот на Русија, Владимир Путин во интервју за руските и странските телевизиски канали изјави дека кога ќе оди во пензија ќе го работи тоа што го сака, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Русија, Владимир Путин во интервју за руските и странските телевизиски канали изјави дека кога ќе оди во пензија ќе го работи тоа што го сака, пренесува РИА Новости.

Еден од новинарите го праша рускиот претседател дали има намера после заминувањето во пензија „да глуми во некој филм“, бидејќи е убав и силен човек.

„Не планирам да се занимавам со актерство. Најверојатно ќе играм хокеј. Знаете, неодамна создадовме руска ноќна хокеарска лига во која можат да играат аматери постари од 40 години“, изјави Путин.

„Пред две и пол години не ни планирав да застанувам на лизгалки, но постојано учам и веќе доста знам. Имено хокејот е тоа што ми се допаѓа“, додаде рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња