Бољшој театарот во Тел Авив го прикажа „Евгениј Онегин“ под овации на присутниот претседател

„Евгениј Онегин“ во Тел Авив ќе се одржи уште 10 пати, а билетите за сите претстави се веќе однапред продадени.

„Евгениј Онегин“ беше испратен во Тел Авив со овации од страна на жителите на Израел, вклучувајќи го и претседателот на Израел. Познатата опера на Чајковски во понеделникот за прв пат се одржа во изведба на група од Бољшој театарот.

Салата во Тел Авив каде што се прикажа операта „Евгениј Онегин“ беше исполнета од последното место, а на крајот на претставата, претседателот на Израел гордо и задоволно излезе на сцената.

„Има разлика меѓу голем и велик“, беа првите зборови на Шимон Перес. „Големата Русија го има Бољшој театарот, а тоа е театар кој може да се нарече ’велик’. Ние сме среќни и горди што тие се овде. Сепак, и ние имаме со што да се гордееме. Во релативно малиот Тел Ациц ние ќе гледаме 11 претстави од Бољшој театарот“.

„Јас сум восхитен од нивото на оркестарот и хорот“, го сподели своето мислење познатиот израелски диригент, Итај Шмајзер. „Вонредно интересна претстава. Секако, има во него и провокација, но многу деликатна и умна“.

После завршетокот на претставата луѓето долго не заминувале, туку останувале и дискутирале за виденото.

„Евгениј Онегин“ во Тел Авив ќе се одржи уште 10 пати, а билетите за сите претстави се веќе однапред продадени.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња