Путин: Изградбата на Керчанскиот мост е историска мисија

Изградбата на мостот кој ќе го поврзува основниот дел на Русија со Крим е историска мисија која повеќепати се обидуваа да ја остварат последните сто години, потсети Владимир Путин.

„Нашите претходници го сфаќаа значењето на мостот кој би ги поврзал Крим и Кавказот и одамна планираа да го реализираат овој проект. Се надеваме дека ќе ја исполниме оваа историска мисија“, ги цитира ТАСС зборовите на Путин.

Претседателот на советувањето посветено на социјално-економскиот развој на Крим и Севастопол потсети дека уште во текот на владеењето на царот Николај II во 1910 година првпат се планирала изградба на мост кој би ги поврзал Таманскиот и Кримскиот полуостров, но Првата светска војна не го дозволила тоа.  

Во 1930 година советските инженери ја проектираа железничката линија меѓу Херсон и Потиј, но изградбата ја спречи почетокот на Втората светска војна. „Потоа окупаторите градеа мост, сакајќи не привремен, туку постојан објект, а руската команда реши да не го бомбардира, за да се зачува она што е веќе изградено“, рече Путин.

Мостот од 19 километри што ќе ги поврзува Таман и Керч ќе биде најдолгиот мост во Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња