Летот на Алигаторот

Ка-52 - Алигатор е руската гордост во военото воздухопловство.


Видео-материјалот отстапен од порталот „ТВ Ѕвезда“
Ова летало од неодамна е дел од руското воено воздухопловство. Официјално влегоа во армијата во 2011 година и го претставуваат последниот дострел на руската технологија. Популарно наречените „Алигатори“ опремени се со моќно офанзивно наоружување, систем за радио-електронска заштита и средства за активна одбрана. Освен тоа, овој хеликоптер може да врши и функција на своевиден воздушен штаб: од него може да се командува со цела групација на јуришни хеликоптери. „Алигатор“ е во состојба да уништува тенкови и друга воена техника на непријателот во сите временски услови и во секое време од денот. Покрај тоа, Ка-52 може да извидува, да нуди огнена поддршка на десантни единици, за патролирање и следење на воени колони....
Со еден збор вистинска ударна тупаница на Руското воено воздухопловство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња