Лада не е бренд, Лада е легенда

Фабриката АвтоВаз каде се прави легендарната Лада.


За македонски превод притиснете „СС“.
Во денешното видео погледнете го погонот на фабриката АвтоВаз, каде се произведува легендарниот автомобил Лада. Во оваа фабрика се произведуваат повеќе од милион автомобили годишно, а воедно, самата фабрика е една од најголемите во светот. Но и не само тоа - дали сте знаеле дека АвтоВаз е единствената фабрика во светот каде сите делови се изработуваат на едно место. Вообичаено, другите произведувачи ги нарачуваат деловите од разни други фабрики ширум светот, па потоа само ги склопуваат, АвтоВаз, се што му е потребно за Лада, си произведува во сопствената фабрика. Можеби дизајнот не фасцинира, но сите знаат дека тоа е „руска машина“, а таа функционира беспрекорно. Но новата фабрика го менува својот имиџ, па сега покрај вообичаениот квалитет, работи и на изгледот и на атрактивноста на моделите. Започна со производство на модели со автоматски менувач, на моноволуменски модели со 5 и 7 седишта и други новини со кои треба да го освојат светскиот пазар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња