Историјата во моменти: Советскиот живот низ објективот на Јуриј Абрамочкин

Јуриј Абрамочкин е роден 1936 година и случајно станал фотограф. Кога имал 21 година работел како инженер во московската градежна компанија „Мосстрој“. / „Краток одмор и новости од училиштето“, Москва 1965

Јуриј Абрамочкин е роден 1936 година и случајно станал фотограф. Кога имал 21 година работел како инженер во московската градежна компанија „Мосстрој“. / „Краток одмор и новости од училиштето“, Москва 1965

Јуриј Абрамочкин
Советскиот и руски фотограф Јуриј Абрамочкин на своите фотографии ги овековечувал обичните луѓе, историските настани и личности, успевајќи да биде секогаш на вистинското место во вистинското време.
Понекогаш го барале за да фотографира цртежи и нацрти. Во 1957 година „Мосстрој“ му предложил да го сними процесот на преселување на зграда во Москва. Подоцна истата година бил повикан да биде фотограф на фестивалот на млади и студенти и така се нашол на патот кој во ретроспектива се чини судбоносен. / „Жени перат алишта на река“
Освен фотографирањето на советските лидери, Абрамочкин отсекогаш сметал дека е исклучително важно на фотографиите да се овековечат животите на обичните луѓе. Тој бил еден од првите фоторепортери кои во репортажната фотографија внеле спонтани сцени. / Рибари, Атрахањ, 1965
Во својата 5-децениска кариера острото око на Абрамочкин низ објективот на својот фотоапарат овековечил стотици луѓе. Тука се живописните фотографии на советските лидери, како и десетици странски државници, вклучувајќи и четири американски претседатели од Никсон до Џорџ Буш, Јасер Арафат, кралицата Елизабета Втора и Маргарет Тачер. / Фидел Кастро, 1976
„Најдобрите фотографии на јавните лица секогаш настануваат по формалниот протокол кога ќе почнат да се движат нормално“, вели Абрамочкин. / Јуриј Гагарин во Сочи, 1961
Јуриј Абрамочкин е еден од 15 руски фотографи кои се вклучени во книгата „Современи фотографи“ во издание на „Сент Џејмс прес“. Меѓу неговите награди се и Златно око на организацијата „Ворлд прес фото“. / Раѓање на балерина, 1966
Абрамочкин користи различни методи со цел неговите модели да се чувствуваат удобно. Негова главна алатка е да дознае што повеќе за својот субјект и вели дека комуникацијата е мошне важна. / Јуриј Абрамочкин покрај ѕидините на Кремљ, Москва.
„Мислам дека снимателот или човекот со камера светот го гледа низ објектив. И она што го гледа и она што тече низ неговото срце – тоа е негов поглед на светот“, вели Јуриј Абрамочкин. / Хармоникаш

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња