Храмот-гигант: Детали за најпознатата црква во Санкт Петербург

Храмот на свети Исак во Санкт Петербург, кој е познат како Исакиевски храм, е уникатен споменик на архитектурата. Императорот Александар Први ја иницирал изградбата на овој храм на местото на една црква која порано се наоѓала тука. На конкурсот победил проектот на францускиот архитект Огист Монефран. Храмот е граден 40 години. Свечено е отворен во јуни 1858 година. Оваа црква ја опеале многу поети и писатели, кои биле фасцинирани од нејзините огромни размери. На пример, Фјодор Тјутчев пишува: Гледав стоејќи на брегот на Нева / Како низ мраз и магла / Свети златната купола / На Исакија-гигантот.

Храмот на свети Исак во Санкт Петербург, кој е познат како Исакиевски храм, е уникатен споменик на архитектурата. Императорот Александар Први ја иницирал изградбата на овој храм на местото на една црква која порано се наоѓала тука. На конкурсот победил проектот на францускиот архитект Огист Монефран. Храмот е граден 40 години. Свечено е отворен во јуни 1858 година. Оваа црква ја опеале многу поети и писатели, кои биле фасцинирани од нејзините огромни размери. На пример, Фјодор Тјутчев пишува: Гледав стоејќи на брегот на Нева / Како низ мраз и магла / Свети златната купола / На Исакија-гигантот.

Владимир Астапкович/РИА Новости
Еден од најубавите храмови во Санкт Петербург е вратен на Православната црква.
Храмот на свети Исак во 1928 година е претворен во музеј. Првата изложба била посветена на историјата на изградбата на храмот. За време на војната во оваа црква биле евакуирани уметничките дела од другите градски музеи. Германската артилерија го користела Исакиевскиот храм како ориентир и затоа не го гаѓала. Од 1931 до 1986 година под куполата на црквата висело најтешкото Фуково клатно на светот. Тоа е справа која покажува како Земјата се врти околу својата оска. // На фотографијата: Поглед на Мариинскиот дворец (Законодавното собрание) од надворешниот балкон на Исакиевскиот храм во Санкт Петербург.
Храмот има три олтари – централен, посветен на свети Исак Далматски, левиот е посветен на свети Александар Невски, а десниот е посветен на светата великомаченица Екатерина. Една од најголемите светињи на храмот е копијата на Тихвинската икона на Пресвета Богородица.
Сега богослужбите се вршат во само еден спореден олтар, додека служби во централниот олтар се вршат само на големи црковни празници. Сè уште приоритет се екскурзиите и туристичките услуги. // На фотографијата: Момче за време на литургија во Храмот на свети Исак.04/24/2016
За две години Исакиевскиот храм ќе биде предаден на Руската православна црква на користење во текот на следните 49 години. Тогаш ќе престане да се наплатува влез во храмот. Противниците на оваа одлука сметаат дека градот Санкт Петербург и самиот храм на тој начин остануваат без голем извор на финансирање. Сега, кога храмот се користи само како музеј, влезницата чини 250 рубли (4.2 американски долари), а екскурзија низ храмот на странски јазик чини од 1.000 до 3.000 рубли (од 16.8 до 50.3 американски долари), во зависност од бројот на туристи.
Противниците на одлуката мислат дека богослужбите ќе ја ограничат можноста за туристички посети на храмот. Но, Санктпетербуршката митрополија и портпаролот на губернаторот на Санкт Петербург потврдија дека храмот по предавањето на Руската православна црква ќе биде отворен за екскурзии и ќе ја зачува својата музејска функција.
Според информациите на сајтот на Сојузот на музеи на Русија, Исакиевскиот храм во текот на 2016 година го посетиле 2.3 милиони туристи и остварен е приход од 783 милиони рубли (13.13 милиони американски долари). Од тоа над 100 милиони рубли (1.68 милиони американски долари) се потрошени на реставрација, а 100 милиони рубли се уплатени во буџетот. Храмот ќе остане во сопственост на градот Санкт Петербург, а сите трошоци за реставрацијата на храмот по предавањето на Руската православна црква исто така ќе ги преземе градот, додека одржувањето на храмот и опслужувањето на другите потреби ќе ги плаќа митрополијата.
Храмот е висок 101.5 метри. По Петропавловскиот храм е најголемото здание во Петербург. На височина од 43 метри се наоѓаат надворешни балкони со столбови од кои се гледа целиот град. Ова е една од најпосетените знаменитости на Санкт Петербург. За украсување на внатрешноста на храмовите се потрошени 400 килограми злато, 16 тони малахит, 500 килограми лазурит и 1.000 тони бронза. // На фотографијата: Искачување на надворешен балкон на Исакиевскиот храм.
Храмот е украсен со скулптури на ангели, евангелисти и апостоли. На балустрадата на главната купола се наоѓаат 24 скулптури на ангели и архангели. // На фотографијата: Месечината во заднината на композицијата од скулптурите на храмот.
Храмот на свети Исак е еден од објектите кој послужи како „платно за мултимедијалното светлосно 3Д шоу за време на Фестивалот на ефекти во ноември 2016 година.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња