gymnastic-girls1 tajikistan_women stars1 Old styled family Moscow Red square altai people Prokudin Gorsky now and than Baikal eco 2 sovok_logo1
Ѕвезденото небо над Русија Десет необични фотографии од Црвениот плоштад

Семеен живот „како во руски роман“

Приказна на едно необично руско семејство во фотографии.
Од Ксенија Исаева
Old styled family
Оди надолу за повеќе

Аша Мајлс

Алина и Сергеј се во брак веќе 15 години. Живеат во Јарослављ, мал руски град во близина на Москва Сергеј е козачки атаман, додека неговата сопруга Алина се грижи за децата.
Old styled family

Аша Мајлс

Алина вели дека отсекогаш ја привлекувала убавината на руските балови, расошната тоалета на руските дами, како и традициите од Руската империја. Членовите на ова семејство строго ги почитуваат познатите правила и обичаи од претходните векови.
Old styled family

Аша Мајлс

Имаат четири ќерки кои одат во специјална теолошка школа. Една од ќерките се вика Фросја, има 10 години и веќе го знае симболичкото значење на секоја боја на иконите.
Old styled family

Аша Мајлс

Алина рачно ги шие фустаните за ќерките, но и за други вљубеници во модата од минатото. Баловите од времето на Руската империја се нејзина голема љубов.
Old styled family

Аша Мајлс

Мебелот во домот на Алина и Сергеј исто така ја одразува нивната љубов кон минатите векови. Некои парчиња се современи, но богатите завеси, белите чаршави и накитените ногарки откриваат колку е голема нивната страст кон однесеното време.
Old styled family

Аша Мајлс

На ѕидовите од станот се наоѓаат портрети од членовите на династијата Романови: Николај Втори, неговата сопруга Александра Фјодоровна и петте деца – сите тие биле убиени од болшевиците, а подоцна биле прогласени за светители.
Old styled family

Аша Мајлс

Сергеј, главата на семејството, жали што книгата „Домострој“ повеќе не е во мода.
Old styled family

Аша Мајлс

Оваа книга од 16 век содржи правила и упатства за организација и водење на домаќинството, вклучувајќи ги и оние за семејните односи.
Old styled family

Аша Мајлс

Едно од правилата во „Домострој“ кое ги регулира хиерархиските односи во семејството, а кое вели „Жената треба да се плаши од мажот“ Сергеј не го сфаќа буквално, но смета дека сопругата треба да го почитува сопругот, да го слуша и никогаш да не му се спротивставува, а децата треба да ги слушаат родителите.
Old styled family

Аша Мајлс

Сергеј за себе вели дека е патриот. Има посетено многу земју и се увреил дека може да биде среќен само во својата татковина Русија.

Прочитај повеќе

+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.