
Црвениот плоштад има големо историско значење и привлекува туристи од целиот свет. Тоа и не е за чудење, затоа што се работи за локација каде можат да се видат многу нешта и да се фотографираат. Доколку сте свртени со грбот кон Државниот историски музеј, од вашата десна страна ќе ги видите ѕидините на Московскиот кремљ и кулите со рубинови ѕвезди-петокраки кои величествено се издигаат над Мавзолејот на Ленин. Пред вас се живописните куполи на Храмот на Св. Василиј Блажени, а лево Трговскиот центар ГУМ, еден од најстарите и најубави објекти од тој вид во Русија.
Сергеј Семјонов
Луѓе носат црвени знамиња на Комунистичката партија и чекаат во ред за полагање цвеќе во Мавзолејот на Ленин. Комунистичката партија на Руската Федерација на овој начин одбележа 91 година од смртта на Ленин.
Сергеј Савостјанов / ТАСС
Во текот на првата деценија на XXI век овде имаше многу важни политички случувања. На Црвениот плоштад Московјаните и посетителите на главниот град заедно гледаа воени паради, цветен „тепих“ кој ја прекриваше старата калдрма, фудбалски натпревари, трки, возења на скејтборд и автомобили. /Американскиот претседател Барак Обама јаде со семејството на врвот на хотелот „РИЦ Карлтон“, од каде се протега преубав поглед на Црвениот плоштад и Државниот историски музеј, 7 јули 2009 година.
Alamy / Legion Media
Руски деца играат фудбал на терен од вештачка трева поставена на Црвениот плоштад во текот на фестивалот посветен на Лигата на шампионите, 17 мај 2008 година.
EPA
Руски војници во униформи од времето на Втората светска војна учествуваат на парадата на Црвениот плоштад на 7 ноември 2012 година. Тој ден Русија ја одбележа 71-годишнината од легендарната парада одржана 1941 година, по која војниците на Црвената армија од Црвениот плоштад заминаа директно на фронт, во борба против нацистичките трупи оддалечени само неколку десетици километри од Москва.
AFP/East News
Работници фотографирани меѓу Спаската и Сенатската кула на Московскиот кремљ.
Валериј Шарифулин / ТАСС
Пол Макартни на голем екран над бината во текот на концертот одржан на Црвениот плоштад на 24 маја 2003 година. На најпознатиот московски плоштад има настапувано голем број познати светски изведувачи како Пласидо Доминго и групата „Скорпионс“, „Ред хот чили пеперс“ и „Временска машина“ (Машина времени) од Русија.
Иван Секретарев / AP
Туристи и Московјани поминуваат покрај „куферот“ на две нивоа на компанијата „Луј Витон“ поставен на Црвениот плоштад на 27 ноември 2013 година. Овој „сандак“ висок девет, а долг 30 метри набрзо беше отстранет поради негодувањата на јавноста.
AP
Чистач на улици поминува покрај Храмот на Св. Василиј Блажени на Црвениот плоштад, 15 јануари 2016 година.
Ројтерс
Москва во текот на подготовките за Фестивалот на цвеќето на Црвениот плоштад, 19 јули 2013 година.
Михаил Воскресенски / РИА НовостиПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче