Ел-Ојин е народна прослава која се одржува секое второ лето во Република Алтај во Русија.
Павел ФилатовДенес фестивалот опфаќа настапи на фолклорни групи кои изведуваат програма на сите дијалекти на алтајскиот јазик, но и драмски претстави, вклучувајќи и историски драми засновани на локални легенди и митови.
Павел ФилатовВо превод од алтајски јазик „ел“ значи луѓе или народ, а „ојин“ е игра, односно натпреварување. Буквалниот превод би бил „сенародни игри“. Манифестацијата е замислена како некој вид локални Олимписки игри, зашто на неа се одржуваат натпревари во различни традиционални спортски дисциплини. Освен тоа, овој фестивал со текот на времето придонесе за повторна афирмација на целокупното културно и историско наследство на Алтај.
Павел ФилатовУчесниците се облечени во народни носии кои потекнуваат од дамнина.
Павел ФилатовЗатоа на овој фестивал настапуваат и учесници облечени во шаманска облека. Публиката може да види и обреди кои се изведуваат со тапани, различни ритуали, грлено пеење, но и да го запознае начинот на кој се изведува медитација и да дознае многу тајни за тамошниот начин на живот.
Павел ФилатовНајинтересно натпреварување е „Емдик Уредиш“ – натпревар во јавање каде главната награда е автомобил. За време на ова „родео“ јавачот влегува со двајца помошници во ограден простор со млади, сè уште нескротени коњи.
Павел ФилатовШаманот изведува ритуален танц на тапан на народниот фестивал Ел-Ојин. Во некои руски републики како што се Алтај, Хакасија, Тува и Саха (Јакутија), народот сè уште верува во моќта на шаманите.
Павел ФилатовЕл-Ојин многу брзо го привлече вниманието на голем број посетители, не само од разни градови на републиката, ами и од цела Русија и од други земји.
Павел ФилатовУчителот со својот ученик свират топшур, алтајски народен жичен инструмент кој личи на лаута со две жици.
Павел ФилатовУчесниците фаќаат еден коњ, го изведуваат и го врзуваат за столб пред да му ги стават седлото и уздите. Потоа натпреварувачот го јавнува и останува во седлото барем една минута.
Павел ФилатовПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче