ГУМ стана цветна оранжерија

Press Photo
Во Државната стоковна куќа во престолнината на Русија можат да се видат 586.000 цвета од 28 вида растенија. На 28 јуни во Државната стоковна куќа (ГУМ) на Црвениот плоштад беше отворен фестивал на цветовите. 586 илјади цветови од 28 вида беа засадени по периметарот на стоковната куќа и во неа. Луѓето ќе имаат можност да им се восхитуваат на цветовите до крајот на јули. Овој фестивал се одржува веќе четврти пат и е организиран од креативната група BOSCO. Заедно со нив илјадниците цветови ги садеа и многу познати лица од Русија. „Многу е убаво кога во стоковната куќа растат живи цветови. Потсетуваат на домот, на дачата, на сето она што ни е блиско и пријатно“, смета актерката Јулија Пересиљд. Една од најстарите и најубавите стоковни куќи во престолнината, ГУМ, секогаш се обидува да го направи невообичаен својот ентериер. Тука се одржуваат и изложби на ретроавтомобили, и букинистички салони, и фестивал на сладоледот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња