Академијата на Бољшој театарот – место каде се остваруваат сништата

Рускиот класичен балет во другите земји често се поврзува со водечките театри, како што се Бољшој или Мариинскиот театар каде настапуваат уметници кои ја завршиле Московската државна академија за кореографија или Академијата за руски балет „А.Ј. Ваганов“.

Рускиот класичен балет во другите земји често се поврзува со водечките театри, како што се Бољшој или Мариинскиот театар каде настапуваат уметници кои ја завршиле Московската државна академија за кореографија или Академијата за руски балет „А.Ј. Ваганов“.

Јури Кочетков
Бољшој театарот на 28 марта прослави 240 години од основањето. „Руска реч на македонски“ ви прикажува фотографии снимени на пробите на Московската државна академија за кореографија, позната и како Академија на Бољшој театар.
Харпер Ортлиб (трета од лево) го напуштила родниот град во сојузната држава Орегон и се преселила во Москва со желба да го оствари својот сон и да стане примабалерина.
Порано за едно слободно место во школата за балет се пријавуваа неколку десетици, па дури и стотина кандидати, особено на балетските академии во Москва и во Санкт Петербург.
Од вкупно 721 студент на Московската државна академија за кореографија, 84 се од странство. Тука има 17 ученици од САД, а повеќе од нив се само од Јапонија – 28, додека останатите потекнуваат од 22 други земји.
Напорниот живот на балетските танчари започнува веднаш штом се запишат на балетската школа. Децата мораат да минат низ строги приемни испити на кои се проверува нивната здравствена состојба, градбата на телото, координацијата на движењата, држењето, надареноста за музика и еластичноста на стапалата.
Децата кои доаѓаат од други градови тешко се навикнуваат на животот без родителите.
Детството на овие деца не е вообичаено со оглед на ригорозниот план на активности, кои освен одење на редовна настава, вклучува и секојдневни вежби и посебни предмети, како историја на балетот и часови по клавир, така што им останува малку време за детска забава.
Порано посебни комисии оделе низ цел СССР во потрага по надарени деца, а таленти се наоѓале во сите краишта на земјата, па дури и во најзафрлените села.
И покрај фатот што поголемиот број балетани и балерини престануваат активно да се занимаваат со балет во доцните триесетти години и дека помалку од пет проценти од нив имаат можност да остварат солистичка кариера, родителите сепак ги запишуваат децата во балетските школи со надеж дека токму нивното чедо ќе заблеска на сцената на Бољшој или на Мариинскиот театар.
Сепак, некое „грдо пајче“ со многу среќа ќе израсне во преубав лебед, симбол на рускиот балет.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња