Зошто Русија не сака да влезе во ОПЕК?

Независно од првите постигнати надворешнополитички успеси на нафтениот пазар и зголемените котирања на нафтата, министерот за енергетика на РФ Александар Новак отфрла секаква можност за влез на Русија во Организацијата на земјите-извознички на нафта.
CERAWeek in Houston
Министерот за енергетика на Саудиска Арабија Халид Ал Фалих, (од лево на десно), министерот за енергетика на Русија Александар Новак, заменик-министерот за енергетика на Мексико Алдо Флорес и генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо разговараат во текот на прес-конференцијата на која го најавија договорот за намалување на производството на нафта на CERAWeek во Хјустон, Тексас. 7 март 2017 година. Извор: Ројтерс

Русија не го разгледува прашањето за приклучување кон ОПЕК, изјави министерот за енергетика на земјата, Александар Новак на нафтената конференција CERAWeek во американскиот град Хјустон, Тексас, во почетокот на март. „Ние денес не ги разгледуваме можностите за вклучување на Русија во ОПЕК, но нашата соработка со земјите-извознички на нафта покажа потреба и целесообразност од кооперација“, истакна министерот. Претходно Новак не еднаш зборуваше за ограничените можности на ОПЕК да влијае на пазарот.

Притоа во последните месеци на 2016 година координацијата меѓу Русија и другите нафтени и гасни земји беше на врвот на сечилото на надворешно-политичките напори на Русија. На 30 ноември членовите на ОПЕК усвоија одлука да ја скратат експлоатацијата на нафта од почетокот на 2017 година на 1.2 милиони барели на ден. Уште 11 држави, вклучувајќи и Русија, се обврзаа да го намалат производството на нафта на 558.000 барели на ден, од нив на Русија отпаѓаат 300.000 барели на ден.

Русија го намалува производството на нафта од јануари 2017

ОПЕК и Русија не веруваат еден на друг. „Ние сме конкуренти, а не партнери“, коментира уредникот за нафтени пазари на Thomson Reuters Глеб Городјанкин. На Русија ѝ е тешко да се договори со ОПЕК поради различните цели и противречности внатре во картелот, смета тој. „Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт, Иран и Катар не се оптоварени со огромни должнички обврски и одржуваат линија во ОПЕК за зголемување на делот на своето присуство на пазарот, додека најсиромашните земји во картелот (Ангола, Нигерија, Венецуела и Ирак) се заинтересирани првенствено за пораст на цените, за да врзат крај со крај“, забележува Городјанкин.

Во ОПЕК нема одговор на Шкрилничната револуција

Нафтениот картел тешко дека ќе придонесува во далечна иднина за ограничување на производството, додека во САД има пораст на инвестициите во производството на гас од шкрилци. Земјите-учеснички на ОПЕК сега внимателно го набљудуваат растот на екстракцијата од шкрилци и ќе донесат одлука за понатамошните активности за намалување на производството на крајот на мај оваа година, врз основа на резултатите од оваа проценка.

Американската администрација за енергетски информации прогнозира пораст на производството на нафта во САД до 10 милиони барели на ден во најблиска иднина (со 10% во однос на сегашното ниво), што ќе го надмине максималното ниво, постигнато во 1970 година. Разработувачите на наоѓалишта на шкрилци се обидуваат да постигнат удел во пазарот на ОПЕК, скратувајќи ја експлоатацијата на почетокот на оваа година, со што се надеваа да придонесат за раст на нафтените цени.

Новак: Русија има едни од најголемите резерви на нафта во светот

Според мислењето на главниот економист во компанијата ВР во Русија Владимир Дребенцов во ОПЕК немаат добар одговор за пазарот до исцрпувањето на ресурсите на гас од шкрилци во САД. „Доколку цената своевремено не се качуваше до 120-140 американски долари за барел, ние уште долги години немаше да слушнеме за наоѓалиштата на шкрилци во САД. Сега веќе е доцна, револуцијата се случи, духот е пуштен од шишето и да го вратиме назад, додека чади од него, е невозможно“, вели Дребенцов.

Нестабилни учесници

Според зборовите на аналитичарот од Citi Futures Тим Еванс, нафтениот пазар во моментов повеќе потсетува на кула од карти, која може да се собори од секоја лоша вест. Така, Иран кој е дел од ОПЕК, според договорот за стабилизација на пазарот, може да експлоатира до 3.8 милиони барели на ден. Но, без оглед на тоа, земјата го зголемува извозот - активно продава нафта од насобраните во времето на санкциите резерви, намалувајќи го обемот од почетокот на 2017 година од 29.6 милиони барели на 16.4 милиони барели.

Експлоатацијата ја зголемува и Ирак. Премиерот на Ирак Хаидер ал Абад зборува за порастот на производството во Курдистан. Така во декември снабдувањето на нафта од територии во Турција што ги контролираат Курдите достигнаа 587.000 барели на ден, што за два пати ја надминува доделената квота од 250.000 барели на ден. Покрај тоа, според информациите на The Wall Street Journal, Ирак планира да го зголеми за 7% испораките на нафта за извоз од терминалот во Басра до 3.53 милиони барели на ден. Дополнителни количества се планирани за испорака во Индија и во Кина.

Уште еден дестабилизирачки фактор - Либија, планира зголемување на производството на нафта во 2017 година за два пати: земјата ја зголемува експлоатацијата од нејзиното најголемо наоѓалиште аш-Шарара и ја продолжува работата за извоз од терминалот Аз-Завија. На почетокот на јануари земјата премина кон дневна експлоатација на нафта од 700.000 барели (среден показател за декември од 630.000 барели на ден).

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.