Американец заработува од фарма во Русија благодарение на Јутјуб

justuswalker/vk.com
Американецот Џастас Вокер отвора во Русија веќе трета фарма. Тој успева да обезбеди инвестиции благодарение на својата популарност на Јутјуб. Видеото со негово учество доби 2.5 милиони прегледи.

Американецот Џастас Вокер планира да лансира нов проект во Русија - да направи „од нула“ мала фарма во Алтај, на 150 километри јужно од Бијск (3.700 километри источно од Москва). Вкупниот обем на инвестициите во проектот е 8.5 милиони рубли. „До овој момент успеав да соберам 5.5 милиони, благодарение и на моите претплатници на Јутјуб“, раскажува фармерот за „Руска реч на македонски“.

Херој на Јутјуб

Џастас Вокер, кој се преселил во Русија уште како тинејџер со своите родители во 1994 година, стана популарен меѓу руските корисници на Јутјуб по објавувањето на видеото „Веселиот млекар“ во 2014 година

Видеото во кое фармерот го поздрави воведувањето на руските контрасанкции, доби повеќе од 2.5 милиони прегледи. Потоа Вокер почнаа да го препознаваат на изложби, а на каналот на земјоделец на сајтот на видеохостингот се претплатени повеќе од 45 илјади луѓе.

И иако Вокер принципиелно не објавува на својот канал реклами, тој, и покрај сè, му носи приходи. На пример, според неговите зборови, некои од корисниците станале спонзори на неговиот нов проект во Алтај.

Покрај тоа, претплатниците му помагаат на Вокер да решава и други проблеми. „Во 2014 година беше уништен нашиот нов минибус. Моите претплатници се понудија да соберат меѓусебно средства за нов. Јас го објавив бројот на сметката, но претпоставував дека ќе се соберат пари максимум за да ја однесам на поправка. Но, се собраа средства со кои купив ново превозно средство“, раскажува фармерот.

Фармата во Алтај

Есента 2016 година земјоделецот и неговото семејство се преселиле во Алтај од Краснојарскиот крај, каде Вокер со жената и децата се занимаваат со земјоделство од 2009 година. Причина за преселување била астмата на Вокер - планинскиот воздух на Алтај помага таа да се поднесе полесно.

justuswalker/vk.comjustuswalker/vk.com

Новата фарма на Вокер крај Бијск ќе произведува сирења, млечни производи и месо. Планирано е таа да има 60 кози-молзници, 100 овни и 100 овци. Притоа главната цел на Вокер во моментов е не само да ги врати парите на спонзорите со добивка од 10%, но и да создаде информативен проект кој би ги мотивирал и другите луѓе да се занимаваат со земјоделство.

„Ние сакаме да го искористиме развојот на нашата фарма „од нула“ како можност да се сними видеочас за други луѓе кои имаат желба да организираат сличен бизнис - вели Вокер. - Уште повеќе дека квалитетни инструкции за почетниците-фармери практично не постојат ниту на руски, ниту на англиски јазик ".

Контрсанкциите и фармите во Краснојарск

Што се однесува до прехранбените контрасанкции, на кои во видеото Вокер се радува, според него сега е тешко да се каже што конечно има влијание на неговиот бизнис - економските ограничувања од страна на Русија или, пак, угледот кој му донел клипот. Токму 2015 година е првата, во која тој успева да ги покрие своите трошоци и да добие извесен профит. Покрај тоа, во 2016 година сериозно се зголемува бројот на неговите клиенти - од 45 на 120 лица.

Вокер има две фарми во Краснојарскиот крај. Првата, која произведува продукција од кравјо млеко, започнала со работа во 2009 година, а фармерот ја создал со сопствени средства,со што започнува неговата земјоделска активност. Проектот му се засновува на руралните корисници кои купуваат од него кајмак, павлака и млеко. „Тоа беше мојот прв обид во фармерството. Претходно со што сѐ се немам занимавано - предавав англиски јазик, работев во пилани и бев програмер“, раскажува Вокер.

Во 2010 година, кога сфаќа со што сака да се занимава, фармерот самостојно ја отвора и втората фарма за производство на сирење од козјо млеко - моцарела, фета и рикота. Оваа продукција фармерот започнал да ја испорачува на клиенти од градот - во Краснојарск.

„До 2016 година произведувавме од 25 до 36 килограми козјо сирење во сезоната и од 500 до 600 литри кравје млеко. И двете стопанства беа мали, но за нас беше важен експериментот - решивме дека тој е успешен, и продолживме да се развиваме натаму веќе на нов начин, со привлекување на инвеститори“, раскажува Вокер.

Според него, по преселбата во Алтај, двете фарми биле префрлени на партнери, со услов дека тие во текот на шест години ќе ги делат со него приходите. Доколку за овој период двете стопанства продолжат да работат успешно, тие ќе преминат целосно во рацете на партнерите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња