Грациозноста на младите руски ритмички гимнастичарки

Речиси сите девојчиња во Русија уште во многу рана возраст се определуваат за танц, а најталентираните меѓу нив за балет или за ритмичка гимнастика.

Речиси сите девојчиња во Русија уште во многу рана возраст се определуваат за танц, а најталентираните меѓу нив за балет или за ритмичка гимнастика.

Марија Бабикова
Ритмичката гимнастика е еден од најубавите спортови на светот и затоа голем број девојки кои мечтаат за олимпиското злато сакаат да се занимаваат со него.
Руската репрезентација во ритмичка гимнастика отсекогаш била меѓу најдобрите во светот. Според податоците на Руската Федерација за ритмичка гимнастика, во земјата активно работат околу 300 успешни клубови.
Обично ритмичката гимнастика се доживува како хармоничен спој на уметноста и на танцот. „Овој спорт ја нагласува женственоста која во руската култура мошне се цени“ вели фотографот Марија Бабикова.
„Девојчињата учат да го обликуваат телото, да ги усовршуваат движењата и секогаш да бидат грациозни што се постигнува со непрекинато и упорно вежбање. Од првите тренинзи тие се свесни за своето тело и за магичните ефекти што тие можат да ги предизвикаат кај гледачите“.
„Во овие чувствителни години девојчињата ги учат најважните и најтешките животни лекции главно на тренинзите. Тренерите и членовите на нивните семејства ги поттикнуваат да го остварат поставениот идеал, без разлика дали станува збор за општествен успех или само за желба да се има вито, атлетски градено тело.
„Фокусот на овие фотографии не е на натпреварувањето, ами на она што му претходи нему, односно на тренингот кој од гледна точка на гледачот не помалку важен аспект на спортот. Сепак, тоа е она што мене најмногу ме интересира“, вели Марија која е автор на овие фотографии.
„Серијата фотографии со наслов Хармонија е проект кој настана врз основа на моите лични искуства. Називот го доби по школата за ритмичка гимнастика во која го поминав поголемиот дел од мојата младост“, вели Марија.
Школата се наоѓа во родниот град на Марија – Чељабинск, кој е оддалечен 1.773 километри од Москва, на крајот од Уралските планини кои изобилуваат со рудни богатства. Природата на овој крај е мошне загадена поради тешката индустрија.
„Самиот град во мојот проект игра важна улога. Чељабинск не им нуди големи можности на младите луѓе, па во таа смисла спортот е мошне важен – тој е еден од начините девојчињата да постигнат успех во животот“.
Вродената грациозност и напорот што овој спорт ги подразбира во целост се спротивставени со мрачното индустриско опкружување на еден од најзагадените градови во Русија. „Фотографиите настанаа од желбата да се овековечи кршливата убавина на ова место во сегашноста, а таа во голема мера доаѓа од сеќавањето од моето детство“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња