Што ќе се измени во руската билатерала во 2016?

Shutterstock / Legion-Media
На 1 јануари 2016 година во Русија почнаа да функционираат неколку нови правила кои се однесуваат на други земји, а кои најмногу се однесуваат на Турција и на Украина. „Руска реч на македонски“ ги избра најважните.

Безвизен режим во Слободното пристаниште на Владивосток

Отсега на територијата на Слободното пристаниште во Владивосток (зона со посебни економски и даночни услови на истокот од земјата) странците ќе можат да престојуваат без виза во тек од 8 дена. Режимот на слободно пристаниште започна да функционира пред два и пол месеци, но дел од предвидените законски олеснувања засега не функционираат. На пример, потенцијалните инвеститори засега не можат да го користат бесцаринскиот режим при увоз на стока.

Во целост зоната на Слободното пристаниште на Владивосток предвидува големи даночни олеснувања, кои според оценките на администрацијата на Приморскиот крај, ќе ги намалат трошоците за реализацијата на инвестициски проекти до 30-40%. Вкупната големина на територијата што е опфатена со режимот порто-франко изнесува 28.4 илјади квадратни километри, а на неа живее 75% од населението во регионот.

Суспендирање на безвизниот режим со Турција

На државјаните на Турција отсега ќе им биде потребна виза за влез во Русија. Безвизниот режим функционираше од 2011 година, но откако во ноември 2015 година Турција го собори рускиот бомбардер Су-24, односите помеѓу земјите се вжештија. Русија реши да го суспендира безвизниот режим еднострано.

„Русија е многу загрижена од зголемувањето на терористичките закани во Турската Република, - ја коментира донесената одлука првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров. – Тоа е директно поврзано со безбедноста на Руската Федерација, со нашите државјани. Преку Турција во различни насоки се движат милитантите.

Првиот човек на комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Константин Косачов забележа дека безвизниот режим секогаш претставува еден вид апогеј на билатералните односи. „Ние сега по вина на турската страна моментално се стркалавме во најниската точка и се наоѓаме во перигеј“, изјави парламентарецот.

Турските државјани нема да работат во Русија

Според указот на претседателот на Русија, на руските компании (што се наоѓаат под јуриздикција на Русија) им се забранува да примаат на работа државјани на Турција. Оние Турци кои веќе работат во Русија ќе можат да продолжат со својата работа.

Според податоците на Федералната миграциска служба, до 5 ноември 2015 година во Русија се наоѓале 87.680 турски државјани. До април годинава Министерството за труд има издадено 54.730 работни квоти за Турци (повеќе од 23% од вкупниот број издадени решенија). Со ваквиот показател Турција стана втор доставувач на работна сила во Русија по Кина. Главни работодавачи за турските државјани во Русија се турските градежни компании и нивните фирми-ќерки.

Производно ембарго за Украина

Украинските прехранбени производи се најдоа на „црната листа“. Откако Киев ги поддржа санкциите на ЕУ и на САД во однос на Русија, а исто така и зашто Украина ја усвои спогодбата за асоцијација со ЊУ „без да ги земе предвид интересите на Русија“, вели премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Ембаргото во основа ќе ги лиши Русите од месо и млечни производи и силно ќе удри по економијата на Украина. Во 2014 година, според податоците на Министерството за економски развој, во Русија се увезени прехранбени производи и земјоделска суровина во вредност од една милијарда американски долари.

На Русија отпаѓаа 19% од извозот на украинското месо и на производите од него, 63% од извозот на риба, 21% од извозот на млеко и млечни производи, 34% од извозот на зеленчук, 7% од извозот на овошје, - ова се податоците што го објави Институтот за комплексни стратешки истражувања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња