Гаспром продава на аукции

Press Photo
Рускиот монопол Гаспром со голем оптимизам ги оценува резултатите од првата аукциска продажба на гас, на која просечната цена изнесуваше 203.2 евра за илјада кубни метри гас, што е повеќе од цената која Гаспром експорт ја одреди за претстојната зимска сезона. Сепак, аналитичарите сметаат дека рускиот гигант на овој начин само за неколку години може да ги продаде посакуваните 10% од извозниот гас.

На првата гасна аукција што се одржа од 7 до 10 септември, Гаспром продаде околу една третина од гасот што беше ставен на лицитација (1.23 од вкупно 3.2 милијарди губни метри). Продадениот гас ќе биде испорачан во текот на шест месеци, започнувајќи од 1 октомври. На аукцијата се склучени околу 40 договори со 15 клиенти, од вкупно 39 компании кои учествуваа на оваа аукција. Како што пишува изданието РБК, на аукцијата межу другите учество зедоа и компаниите E.ON, Engie, Eni, Total, RWE, BP, НОВАТЕК, Goldman Sachs, како и дилерите Gunvor, Glencore и Vitol. Како што се наведува во соопштението на Гаспром постигната е цена од 203.2 евра за илјада кубни метри, што е повеќе од цената која Гаспром експорт ја определи за претстојната зимска сезона (октомври 2015 – март 2016), и е повеќе од цената по која гасот се продава на дистрибутивните јазли во Европа. Купувачите добија по неколку помали лотови. Овој маневр на Гаспром беше успешен: ѝ донесе на компанијата дополнителни средства и ѝ овозможи да се избегне ситуацијата во која купувачот не зема онолку гас колку што е пропишано со важечките долгорочни договори.

Гаспром позитивно ги оценува резултатите од аукцијата и, згора на тоа, смета дека веќе во следната грејна сезона 2016-2017 на истиот начин ќе продаде до 10% од гасот наменет за извоз. Ова по аукцијата го изјави заменик-претседателот на управниот одбор на гасниот гигант Александар Медведев. Една десетина од извозот изнесува околу 12 милијарди кубни метри гас или околу 3% од вкупниот обем на гасниот пазар на Европската Унија.

Нов стратешки пристап

Во целост земено, аналитичарите позитивно го оценуваат експериментот на Гаспром. Аукцијата на рускиот гасен гигант беше долгоочекуван чекор во правец на потранспарентни и поконкурентни цени, истакна експертот на Commerzbank Евгениј Вајнберг. „На Гаспром не му одговараат цените на спот-пазарите. Тој очекува дека ќе привлече нови купувачи од спот-пазарите и од препродавачите“, објаснува аналитичарот за нафетниот и гасен сектот на Raiffeisen Андреј Полишчук. Според него, ваквите аукции се дел од стратепкиот пристап на компанијата, со оглед на тоа дека таа го зема предвид порастот на количествата на течен природен гас (ТПГ) на европскиот пазар. Гаспром треба да го зголеми извозот во Еверопа со оглед на Третиот енергетски пакет и на ограничувањата за компаниите што се занимаваат со продажба на гас.

Компанијата ќе мора да маневрира во сложени услови кога цената на гасот падна за речиси 30% и ќе мора да се труди да ја зголеми заработувачката од извоз преку продажба на поголеми количества гас. Како што на почетокот од септември за Bloomberg изјави претставникот на Гаспром Експорт Валериј Немов, Гаспром оваа година има намера да го зголеми обемот на извоз во Европа и во Турција за 7% за на тој начин да го компензира падот на цените. Земјите од Европската Унија веќе одамна сакаат да се ослободат од зависност од руски гас и се обидуваат да го заменат со течен природен гас. Во таа смисла тие во долгорочна перспектива сметаат на синото гориво од Иран. Засега увозот од Русија е најпривлечен, со оглед на ниските цени на рускиот гас и на недостигот од технички можности на определени земји од Европа за прием на течен природен гас. Во август Европа веќе трет месец по ред нарачуваше помалку течен природен гас, зашто купувачите го зголемија увозот на гориво од Русија, пишува Bloomberg, повикувајќи се на податоците на Genscape. Обемот на увоз на ТПГ во август падна за 3.4% на годишно ниво, а испораката на рускиот гас според податоците на Гаспром пораснала за околу 20%.

Сепак, аналитичарите се сомневаат дека Гаспром во следната грејна сезона ќе може со помош на аукции да продаде 10% од обемот на својот извоз на гас во Европа. Според Андреј Полишчука, продажбата ќе зависи од побарувачката за руски гас, но 10% е реално да се очекува дури по 10-15 години. Според него, над милијарда кубни метри гас продадени на минатата аукција е добар резултат, со оглед на тоа што цената е поголема одошто во долгорочните договори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња