Рекорден пад на рускиот пазар

Getty Images
Руската рубља го достигна историскиот минимум во однос на американскиот долар, а клучниот берзански индекс РТС падна за 6% за еден ден – настаните на рускиот пазар веќе го добија називот „црн понеделник“. Според податоците на експертите, од почетокот на летот рубљата паднала во однос на американскиот долар за 35%.

Руската рубља го достигна историскиот минимум во однос на американскиот долар, а клучниот берзански индекс РТС падна за 6% на фонот на падот на рубљата во однос на основните валути и намалувањето на нафтените котизирања. На падот на руските индекси им претходеше паника на клучните берзи: кинескиот индекс Shanghai Composite падна за 8.5%, а Dow Jones за 6.08%, односно 1001.24 точки. Падот на Dow Jones беше историски: до тој момент индексот никогаш немаше паднато за 800 единици за еден ден. Најголем пад претходно беше оној од 29 септември 2009 година, кога Dow Jones падна за 777 единици.

Сепак, во целост, падот на руските показатели излегоа многу посуштествени одошто кај поголемиот број земји во светот. „Од почетокот на летото американскиот долар порасна за 35%, а еврото за 41%“, вели аналитичарот на TeleTrade Александар Егоров. Според експертите, основна причина за падот на рубљата е високата зависност на руската економија од цената на нафтата. Така барел од марката Brent на берзата на 24 август 2015 година изнесуваше 43.54 американски долари што е најлош показател од кризата во 2009 година.

Основни причини

Според експертот на БКС Експрес Иван Копејкин, рубљата ја започна новата работна недела со нагло намалување како во однос на доларот, така и во однос на еврото. „Новиот пад на кинеската берза и намалувањето на цената на нафтата се основните причини за ваквата динамика“, вели Копејкин. Според него, не помогнало дури ни одлуката од неделата за тоа дека низа пензиски фондови на Кина сега можат да инвестираат до 30% од активите во пазарот на акции – нивниот обем се оценува на околу 100 милијарди американски долари. „Руските пазари се најдоа на границата на нов пик. Берзанските индекси и курсот на рубљата синхронизирано паднаа, реагирајќи на динамиката на цените на нафтата и на нестабилноста, која се забележа врз основа на динамиката на берзите на Кина“, се согласува аналитичарот на ГК ИнстаФорекс Игор Коваљов.

Според Коваљов, една од причините за намалувањето на цените на нафтата е и изјавата на министерот за нафта на Иран Биџан Намдара Зангане. „Ние ќе ја зголемуваме експлоатацијата по секоја цена, ние немаме други алтернативи. Доколку производството на нафта не биде зголемено брзо, постојано ќе губиме дел од пазарот“, изјави министерот за агенцијата Bloomberg. Иран беше втора по големина земја по експлоатација на нафта во ОПЕК до воведувањето на санкциите во јули 2012 година. Некои крупни нафтени компании вклучувајќи ги и BP и Shell веќе покажаа заинтересираност за наоѓалиштата во Иран. Притоа, според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, вишокот на нафта во светот веќе изнесува 3 милиони барели дневно.

Прогнози за иднина

„Важно е да се забележи дека буџетот на РФ е основан на цените на барелот на ниво од 50 американски долари. Во вакви услови не може да се очекува позитивен исход, затоа предвидуваме негативна динамика на руските берзи“, вели Игор Коваљов. Според Александар Егоров, „веројатноста за пад на цената на нафтата на минимумот од 1008-1009 година е мошне висока, и засега не постојат објективни причини да се очекува зголемување на цените, во крајна линија оваа година“.

Згора на тоа, на 24 август министерот за економски развој Алексеј Уљукаев изјави дека е можен пад на цените на нафтата и под 40 американски долари за барел. Претходно со слична прогноза излезе и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев, забележувајќи дека во следниве години барелот ќе се движи помеѓу 30 и 40 американски долари“. „Се забележува паника на пазарите, но засега не постои повод да се зборува за кризни појави. Распродажбата им дава можност на долгорочните инвеститори да купат добри акции поевтино“, со поголем оптимизам зборува началникот на управата за операции на руската берза Фридом Финанс Георгиј Вашченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња