Русија го игнорира форумот во Давос?

Извор: AP

Извор: AP

Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев го откажаа своето учество на форумот, а основните настани во рамките на „руската програма“ ги спроведоа банките „Сбербанк“ и „ВТБ“ кои се најдоа под санкции на земјите од Европската Унија. Притоа една од основните теми на форумот беа санкциите против Русија.
Путин вети отпор на надворешниот притисок
Претседателот на РФ Владимир Путин на 4 декември го имаше своето годишно обраќање до Федералното собрание. Тој зборуваше за кризата во односите со Западот, за економската политика во услови на санкции, за тоа како Москва гледа на причините за конфликтот во Украина. „Руска реч на македонски“ на своите читатели им ги претставува главните тези од обраќањето на лидерот.

На меѓународниот економски форум во Давос руската делегација ја предводеа првиот вицепремиер Игор Шувалов и вицепремиерот Аркадиј Дворкович, а основните настани во рамките на „руската програма“ ги спроведоа банките „Сбербанк“ и „ВТБ“ кои се најдоа под санкции на земјите од Европската Унија. Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев го откажаа своето учество на форумот. „Намалениот интерес за форумот во Давос е пред сè поврзано со отсуството на дијалог помеѓу Русија и западните земји“, објаснува за „Руска реч на македонски“ главниот аналитичар на UFS IC Андреј Козлов. Според него не треба да се исклучи дека во иднина затегнатоста на односите помеѓу Русија и Западот ќе се намали и дека тие ќе можат да најдат заеднички јазик. 

Намалено присуство 

 „Русија беше претставена од страна на топ-менаџери од неколку десетици најголеми компании, меѓу кои ВЕБ, ВТБ, Сбербанк, Гаспром нефт и други“, вели Роман Андреешчев, доцент на катедрата за странски региони и меѓународна соработка при Руската академија за народно стопанство и државна администрација. Според него, некои од компаниите, како што се државните банки ВТБ и Сбербанк, влегуваат во списокот на санкции на Европската Унија и на САД. На овие организации им е забрането да даваат долгорочни кредити во европските и во американските банки, а подоцна кон овие санкции се приклучи и Швајцарија. Притоа и двете банки претставуваат стратешки партнери на форумот во Давос, и плаќаат годишна членарина во износ од 600 илјади швајцарски франци.

Како што изјави во интервју за новинската агенција ТАСС вицепремиерот Аркадиј Дворкович, без оглед на санкциите, странските инвеститори ја потврдуваат својата обврска за инвестирање во Русија. „не постои ниту едно откажување, напротив, сите велат дека во целост ќе ги реализираат проектите“, подвлече Дворкович. Според него „во основа сите сметаат дека Русија се наоѓа во тешка положба“, но вицепремиерот не забележал лошо расположение кон Русија. 

Симнување на санкциите 

Колку ЕУ ги омекна санкциите против Русија?
Европската Унија ги прецизираше деталите на санкциите што беа воведени летово и есенва во однос на финансискиот и нафтениот сектор на руската економија. Корекциите ги тргнуваат забраните од низа нафтени проекти и им овозможуваат на руските банки делумно да се кредитираат на запад. Експертите кои ги праша „Руска реч на македонски“ дадоа оценка за тоа во чија полза одат „прецизирањата“.

Во рамките на форумот против санкциите за Русија се изјасни познатиот економист Нуриел Рубини, кој ја предвиде глобалната криза во 2008 година. „Парадоксот со Русија се состои во тоа што санкциите и намалувањето на цените за нафтата го прават (претседателот на Русија Владимир) Путин поагресивен, одошто помалку агресивен“, рече Рубини на својот настап на сесијата „Цената на нестабилноста“(The Price of Instability) на форумот во Давос. Според мислењето на економистот, претседателот на Русија Владимир Путин смета дека западните земји имаат намера да го отстранат, како што беше случајот со шефот на Либија Моамер Гадафи. „Во ваков случај (при засилување на санкциите и при понатамошен пад на цената на нафтата) Путин ќе стане поагресивен на Блискиот Исток, во Балтичките земји, на Балканот и во Украина“, претпоставува Рубини. Во тоа, според него, Русија се разликува од Иран, за кој санкциите се стимул за подобрување на односите со Западот.

Според германскиот канцелар Ангела Меркел, санкциите против Русија биле неизбежни, иако во перспектива тие можат да бидат симнати, доколку спротивставените страни во Украина се придржуваат кон Минската спогодба. Како што изјави таа, санкциите ќе бидат симнати доколку бидат отстранети причините за нивното воведување. „Нема да запреме со обидите за решавање на ситуацијата во Украина. Минската спогодба е основа за договор“, додаде Меркел. 

Според руските експерти, основните дискусии на Русија се случуваат зад затворени врати. „Давос е место за средба на политичари и бизнисмени, кои имаат пари и власт. Тука се дискутираат најактуелните светски теми. Но, најважните работи се случуваат во кулоарите, каде се постигнуваат основните договори“, вели Роман Андреешчев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња