Крим станува Лас Вегас

Руските власти планираат до крајот на 2016 година да го отворат првото казино на Крим и сметаат на тоа дека коцкарскиот кластер ќе биде директна конкуренција на Монте Карло, Лас Вегас и Макао. Извор: ИТАР-ТАСС.

Руските власти планираат до крајот на 2016 година да го отворат првото казино на Крим и сметаат на тоа дека коцкарскиот кластер ќе биде директна конкуренција на Монте Карло, Лас Вегас и Макао. Извор: ИТАР-ТАСС.

На Крим ќе биде отворена коцкарска зона. Руските власти планираат со помош на казината и на слот-апаратите да обезбедат прилив на средства во буџетот кои се неопходни за негов развој. Се очекува да бидат привлечени и странски инвеститори. Проценето е дека вкупните инвестиции во проектот ќе изнесуваат 1.5 милијарди долари и дека тие од Крим ќе направат конкуренција на Монте Карло и на Лас Вегас.

Нов закон 

Претседателот на Русија Владимир Путин до Државната дума (долниот дом на парламентот) поднесе нацрт-закон за создавање зони на коцкарници на Крим. Руските власти планираат до крајот на 2016 година да го отворат првото казино на Крим и сметаат на тоа дека коцкарскиот кластер ќе биде директна конкуренција на Монте Карло, Лас Вегас и Макао. Од гледна точка на развојот на полуостровот отпочнувањето коцкарски бизнис може да донесе над 10 илјади работни места во оваа руска република. Руските власти планираат да привлечат странски инвеститори за изградба на хотели и на казина. Вкупниот број инвестиции во првата фаза се проценува на 1.5 милијарди долари, од кои буџетски средства ќе бидат вложени само во создавањето неопходна инфраструктура. Пратениците на Државната дума веќе се подготвени да ја поддржат иницијативата на претседателот. „Тоа е мошне добра одлука. Таква зона може добро да функционира токму на Крим“ изјави за РИА Новости Михаил Емељанов, прв заменик на комитетот на Државната дума за економска политика.

Како Крим може да стане специјална економска зона?
Перспективите на Крим во состав на Руската Федерација во дадениов момент се огледаат во неговото претворање во специјална економска зона (СЕЗ). Посебен даночен режим, државни инвестиции и развој на веќе постојните правци треба да го претвори полуостровот во регион-донатор.

Засега не се знае каде точно ќе се наоѓа коцкарската зона. Конкретното место ќе го изберат кримските власти. Според Рустам Темиргалиев, прв заменик на премиерот на Крим, најверојатно локацијата ќе биде на југот на Крим, зашто тој дел е најдобро уреден и за туристите е најатрактивен.  Во тој случај коцкарската зона ќе зафати 100 хектари на брегот на морето. Во моментов на ова место се сместени три лекувалишта кои се користат само два месеци во годината. Друга варијанта е територијата во близина на популарната младинска бања Гурзуф, 2-3 километри од патот Алушта-Јалта. Рускиот закон за коцкарски зони забранува да се отвораат коцкарници во градовите, но можат да се појават веднаш зад градските зони. Според пратеникот Игор Руденски, претседател на комитетот на Државната дума за економска политика, коцкарска зона може да биде формирана во близина на Симферпољ, недалеку од главниот аеродром на островот. Токму по овој принцип своевремено е отворена коцкарската зона Звартнотс во близина на главниот аеродром на Ерменија. 

Искуството од другите земји 

Руските власти се обидуваат да го искористат американското искуство во изградба на казина во одвоени зони, а како основа ќе се земе пред сè Лас Вегас, коцкарски центар кој е изгладен далеку од главните инфраструктурни објекти.

„Руска реч“ ви нуди краток водич низ најважните архитектонски споменици на Крим, кои претставуваат бисери на архитектурата, расфрлени по должината на брегот на овој полуостров. Крим бил и судбинска љубов на многу големи Руси: Лев Толстој сакал да биде погребан тука, легендарните Фјодор Шаљапин и Максим Горки токму тука работеле над автобиографијата на оперскиот пејач, додека Ајвазовски на Крим ги насликал своите познати морски пејзажи.

Во Русија од 1 јули 2009 година забранет е коцкарскиот бизнис надвор од четирите предвидени зони: во Краснодарскиот крај (областа околу Сочи), во Приморскиот крај (рускиот Далечен Исток) , во Калининградската област (руска ексклава помеѓу Полска и Литванија) и во Алтајскиот крај (јужен Сибир). Но, инвеститорите се заинтересирани само за коцкарската зона во Краснодарскиот крај, додека останатите не функционираат и нивното отворање постојано се одложува. „Овие зони се наоѓаат прилично далеку од аеродромите и од инфраструктурните објекти“, изјавува за „Руска реч на македонски“ директорот на компанијата „ЗИП Реалти“ Евгениј Скоморовски. Според него, од таа гледна точка Крим доста се разликува од останатите зони, зашто станува збор за веќе формирана туристичка дестинација. 

По Олимписките игри директот на „Сбербанк“ Герман Греф во интервју за телевизискиот канал „Росија“ предложи во Сочи да се отвори коцкарска зона, но проектот не беше поддржан на федерално ниво. Банкарот на овој начин сакаше да го забрза враќањето на инвестициите вложени во изградбата на олимпискиот хотел. Идејата на директорот на „Сбербанк“ ја поддржа и Александар Шохин, раководител на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи (најголемата лобистичка организација на големите деловни кругови) и поранешен потпретседател на руската влада. 

Во светската практика развојот на крупните одморалишта мошне често го поттикнува и легализацијата на коцкарскиот бизнис. Најпознат случај во последно време е грузинскиот Батуми во кој на иницијатива на поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили се изградени казина и нови хотели покрај нив, и токму тоа почна да ги привлекува жителите на соседните републики. Според сличен модел своевремено се развил и Монте Карло во Монако, како и поголемиот дел германски бањи. Во САД освен Лас Вегас постојат и други пример за развој на одморалиштата благодарение на коцкарските зони. Канадскиот град Нијагара Фолс на границата со САД привлекува туристи со помош на казина и слот-апарати. Но, во истоимениот американски град коцкарскиот бизнис е забранет, така што поголемиот дел туристи отседнува во Канада. 

Врз основа на материјалите од порталите на Газета.Ru и РБК.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња