Пензионерка стана ѕвезда на Јутјуб благодарение на хромаки

17 април 2017 Аљона Болдирева
На видеоснимката таа нурка во длабочините и се качува по планини без да ја напушти својата куќа во мало гратче во Русија.
Татьяна Субботина
Извор: Татјана Суботина

Пензионерката Татјана Суботина стана популарна благодарение на видеоснимките на која таа користи хромаки-ефекти (облеката и позадината со зелена боја со чија помош можат да се комбинираат видеосигнали за време на монтажата).

На корисниците на социјалната мрежа ВКонтакте им се допадна видеоснимката на која жената се капе во нацртано море, плива со огромни китови и се вози во кабриолет низ пасторални пејзажи. Линковите со снимките на Татјана се појавија на мрежата во групата на корисниците на програмата Adobe After Effects.

Татјана уште во 2012 година отворила свој канал на Јутјуб. На почетокот поставувала обични приказни за патувањата во Тајланд. Таа живее во градот Сајаногорск (руска република Хакасија, 3.400 километри источно од Москва).

Најпопуларен видеоклип на нејзиниот канал има над 145.000 прегледи. На тој клип Суботина раскажува виц на површината на вода и во длабочините, каде полека се ниша заедно со алгите.

Татјана прави и детски анимирани филмови со ликот на прасето Пепа и неговите пријатели, и сето тоа со помош на веќе споменатиот ефект хромаки. Во нив таа се „дружи“ со играчките облечени во фустани кои исто така ги има „сошиено“ од зелено „хромаки“ платно.

На каналот на Татјана има и неколку видеоснимки на кои таа го објаснува добивањето на хромаки ефектот во домашни услови, монтажа на клипови и работа со програмот Adobe Premiere Pro.

Многумина корисници ѝ се заблагодаруваат на пензионерката за видеолекцијата и ја молат да не се откажува од своите креации.

„Вие зборувате за монтажа во Премиер едноставно, а тоа е нешто што досега ми недостасуваше зашто таа програма е премногу комплицирана за мене“, пишува еден нејзин гледач.

Освен што се занимава со видеомонтажа, Татјана се занимава и со продажба на производите Amway. Претходно има работено во сферата на дополнителното образование.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.