Како Сталин го претвора Пушкин во свое оружје за пропаганда

20 февруари 2017 Владимир Можегов
Во 1937, годината на голем терор, Сталин решава да го прослави Пушкин како социјалистички светец.
Stamps
Извор: Алексеј Бушкин

Советски светец

Во оваа година ја одбележуваме не само за 100-годишнината од револуцијата во 1917 година, но треба да се потсетиме и на 1937 година, кога размерот на сталинските репресии го достигнува својот врв. Покрај тоа, тогаш Советскиот сојуз ја одбележува и 100-годишнината од загинувањето на поетот Александар Пушкин. До тој момент неговата фигура се наоѓала во сенка и во 1937 година одеднаш таа зазема феноменолошко место во советскиот пантеон.

На местото на безнационалнииот марксизам, негирање на  културата, народноста, традиционалната државност, нацијата и духовноста, на светот му е претставена речиси класична културноцентрична империја, во чиј центар стои Пушкин.

Да им се земе Пушкин на емигрантите

Одлуката Пушкин да биде прославен како лице на социјалистички светец е на Сталин.

За да се процени целата нетривијалност на настојувањето, треба да се потсетиме дека во 19 век Пушкин бил поет на исклучително интелектуалните елити. Тој не се наоѓал на листата со книги за читање на револуционерната интелигенција – го сметале за премногу далечен и оттргнат од насушната потреба на народот.

Сталин прекрасно ја познавал класичната руска литература и ги сакал не само револуционерниот Чернишевски, но и Достоевски и Пушкин.

Се смета дека на неговата одлука да го „прослави Пушкин“, покрај сето друго, силно влијаел и следниов факт. Работата е во тоа што меѓу руската емиграција која била внимателно следена од Советска Русија (Сталин лично бил претплатен на повеќе или помалку важни изданија на емиграцијата), уште од почетокот на дваесеттите години од минатиот век се забележува непроменлив пораст на популарноста и на вистински култ кон Пушкин. Во 1937 година емиграцијата планирала да одржи сопствени, невидени дотогаш прослави во чест на Пушкин. Затоа името на Пушкин станува опасно политичко оружје во нејзините раце. Но, како да се одземе тоа оружје од рацете на непријателот?, тоа можеби била сосема природна мисла на Сталин.

Прославување

Од 1922 година започнуваат да се вршат официјални годишни вечери во спомен на годишнината од смртта на Пушкин, на кои тој е наречен „руска пролет, руско утро, руски Адам“, споредувајќи го со Данте, Петрарка, Шекспир, Шилер и Гете.

Поттикнувањето на култот се одвива со исклучителен замав. Во подготовката на јубилејот се вклучени научници, писатели, композитори, политички и општествени дејци, издавачи - од најголемите до најмалите, кинематографијата, театрите - од Бољшој до аматерите од совхозите, фабриките, колхозите.

Во земјата не останува човек, до чија свест со болшевичката директност не било донесено: Пушкин е голем! Пушкин е свет!

Во Ленинград, Киев, Минск, Тбилиси и Ереван се подигнати нови споменици. Биле преименувани, се граделе и се отворале нови улици, плоштади, училишта, паркови, метро-станици, железнички станици, колхози и совхози. Народните уметници цртаат гигантски платна, посветени на Пушкин, народните композитори - музички поеми и циклуси. Водечките театри во Москва и Ленинград почнуваат вистинска трка за претстави и спектакли за Пушкин.

100 години од смртта на Александар Пушкин на Пушкинскиот плоштад во Москва, 1937 / Архивска фотографија100 години од смртта на Александар Пушкин на Пушкинскиот плоштад во Москва, 1937 / Архивска фотографија

Името на Пушкин се слуша од сите звучници и грамофони, улиците и плоштадите се прошарани со негови портрети, постери и разгледници... Буквално во секое училиште, во клубот на секоја фабрика, колхоз и совхоз низ огромната земја се одржуваат изложби за Пушкин.

Вкупниот број на јубилејните изданија за Пушкин надминува 14 милиони примероци кои излегле практично на сите јазици на народите што живеат во СССР, вклучувајќи и на асирски, бурјатски, грчки, еврејски, коми-зирјански и многу други.

Во фабриките и колхозите одеднаш се појавуваат маси од обожаватели и познавачи на творештвото на поетот, организирани во клубови на пушкинистите. Уметничките колективи и занаетчиите ја преплавуваат земјата со стотици илјади статуетки, бисти и сл.

Архивска фотографијаАрхивска фотографија

На 10 февруари 1937 година на денот на јубилејот во Бољшој театар во Москва, во присуство на целата партиска елита и самиот Сталин, се открива свечено седницата посветена на 100-годишнината од денот на смртта на големиот руски поет.

Свечената седница се емитува низ целата земја. На отворањето народниот комесар за просвета и претседател на Пушкинскиот комитет Бубнов извикува:

„Пушкин е наш! Само во земја со социјалистичка култура, обвиена од топла љубов кон името на бесмртниот гениј, само во нашата земја творештвото на Пушкин стана сенародно достоинство“.

Прославувањето на Пушкин е факт. Култот кон поетот е создаден.

Според филозофот Антониј Грамши култот на Пушкин ја „цементира народната сила“ - тој ја поврзува во единствен културен простор мултинационалната земја, а оттаму и најмоќната империско-обединувачка сила.

Текстот е објавен во скратена форма. Целиот текст можете да го најдете на руски јазик на сајтот на Взгљад.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.