6 факти за Троицкиот собор во Санкт Петербург

Петар Ковалев / ТАСС
Заврши реставрацијата на еден од главните храмови на Санкт Петербург – Троицкиот (Изнамјловски) собор, која траеше 21 година. „Руска реч на македонски“ потсетува на најважните факти од неговата историја.

1. Бил подигнат за Измајловскиот полк

Кон средината на 18 век на местото на соборот се наоѓала црква која била изградена за војниците од Измајловскиот полк. Полкот се наоѓал веднаш до касарните и поради отсуство на постојани живеалишта на почетокот било решено да се изгради тука храм. А, кога во 1734 година била изградена дрвената црква, основачката на полкот императорката Ана Јоановна, подарила неколку ризи за свештениците. Почесни командири биле членови на семејството Романови, вклучувајќи ги и императорката Екатерина Велика, императорот Павел Први и великиот кнез Николај Павлович, кој подоцна станал Николај Први. Измајловскиот полк зел учество во најважните борби: офанзивата на Очаково, битката кај Аустерлиц, Бородинската битка и во 1814 година влегол во Париз.

Петар Ковалев / ТАССПетар Ковалев / ТАСС

Во 1754 година бил изграден нов храм со пет куполи (кој исто така бил привремен) и кој функционирал до 1828 година.

2. Куполата на соборот е втора по големина во Европа

Во 1828 година камен-темелникот на новиот собор го поставила императорката Марија Фјодоровна. Изградбата ја финансирал Николај Први, поранешен прв човек на полкот. Тој исто така имал желба новиот храм да може да собере три илјади лица и да биде како претходниот дрвен, а тој лично го контролирал проектот. Лаконичното здание со четири портика кои биле дело на архитектот Василиј Стасов биле овенчани со пет куполи. Уште пред изградбата императорот посакал тие да бидат обоени со сина боја и ѕвезди, исто како Архангељскиот собор во Москва.

Георгиј ДолгопскиГеоргиј Долгопски

Малите куполи не биле поставени дијагонално, ами од страната на светлината. Притоа тие стоеле толку близу една до друга, што оддалеку се гледале како една голема купола која свети со златни ѕвезди. Куполите на соборите се втори по големина дрвени куполи во Европа.

3. Станал споменик на воинската слава

Во храмот се чувале трофеи на измајловците, вистински знамиња на полкот. Тука се наоѓале и клучевите од тврдините Бајазет, Никопољ, Андријанопољ и други, а исто така и знамиња на противниците кои биле земени во текот на борбите. На ѕидините од соборот биле поставени мермерни табли со имињата на загинатите офицери на Измајловскиот полк. Соборот станал еден од првите полкови храмови на кои се појавиле вакви табли. Често војниците кои служеле во полкот, кога заминувале во пензија ги оставале во соборот своите награди. Кога императорот забранил да се предаваат во храмот медали, од веќе предадените била излиена ризата на Николај Чудотворецот.

4. Во ансамблот влегол монумент во чест на победата на руската војска

Петар Ковалев / ТАССПетар Ковалев / ТАСС

Во 1886 година соборот во присуство на Александар Трети бил откриен Споменикот на Славата – монумент во чест на победата во Руско-турската војна 1877-1878 година. Колоната била направена од кундаци на 108 трофејни турски оружја и била овенчана со фигура на Победата со лавров венец. До монументот исто така се наоѓале артилериски оружја, освоени од непријателот Во триесеттите години од минатиот век советските власти го испратиле споменикот на прелевање, и дури во 2005 година тој бил обновен и поставен на своето претходно место.

5. Бил место на кое се венчале Достоевски и Ана Сниткина

Соборот е сведок не само на воената историја, ами и на цивилната. Тука во 1867 година писателот Фјодор Достоевски се венчал со Ана Сниткина. Исто така во храмот се наоѓа и најстарата икона во Санкт Петербург – иконата на Света Живоначална Троица, насликана во 1406 година. Самиот храм е ставен на списокот на УНЕСКО како дел од историскиот центар на Санкт Петербург.

6. Реставрацијата траеше повеќе од 20 години

Извор: NoPlayerUfa (CC BY-SA 3.0)Извор: NoPlayerUfa (CC BY-SA 3.0)

Во советско време храмот бил затворен и долго време се користел за утилитарни цели. Во подрумите имало магацин за зеленчук, а самото здание се користело како склад. На местото на соборот сакале да изградат кружна линија за трамвај, а потоа од него сакале да направат сала на Конзерваториумот. Но, на крајот ниту еден од овие планови не бил реализиран. Во деведесеттите години од минатиот век започна реставрацијата на соборот. Пожарот кој избувна во 2006 година во голема мера ја оштети куполата: за нејзината реконструкција беше направена специјална методологија. Според зачуваните фотографии се успеа повторно да се направи централниот лустер на храмот. По 21 година, реставрацијата на еден од најпознатите храмови во Санкт Петербург е завршена.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња