„Оревокршачка“: 10 факти за најволшебниот руски балет

Игор Русак / РИА Новости
Приказната ја има измислено германскиот романтичар Ернст Теодор Амадеус Хофман и за првпат ја објавил во Берлин во 1816 година, а во француски манир во 1844 година ја прераскажал Александар Дима Постариот, за по 48 години Петар Чајковски да ја преточи во музика, а на балетската сцена ја поставува легендарниот Мариус Петипа. Оттогаш „Оревокршачка“ е еден од најпопуларните балети на светот.

1. Идејата за создавање на балетот „Оревокршачка“ му паднала на ум на чиновникот на Императорските театри Иван Всеволжски кон крајот на 19 век. Тој во приказната за девојчето и за оревокршачката видел тема за идна балетска претстава. На почетокот „Оревокршачката“ била прикажана во една претстава по операта на Петар Чајковски „Јоланта“, а потоа гледачите имале можност да ја гледаат како посебно дело на еден автор.

2. Балетот бил премиерно изведен на 18 декември 1892 година во Мариинскиот театар во Санкт Петербург. На сцената биле сите ученици на театарската школа на императорската трупа. Ги играле сите улоги, од главните до „децата околу елката“, кои се и природни за таа возраст. Сите млади изведувачи од Чајковски добиле по кутија бонбони, а балетот добил нова традиција на млади изведувачи на сцената.

РИА НовостиРИА Новости

3. Марихен, Мари, Маша... Колку ли само имиња ѝ се дадени на спасувачката на маѓепсаниот принц, која во книжевна смисла води потекло од Германија. Ја нарекувале дури и Клара, како што во првобитната верзија се викала куклата на главната хероина. Девојчето станало Маша на руската сцена дури по Првата светска војна, и тоа од патриотски побуди.

Нина Тимофеева и Игор Уксусников / РИА НовостиНина Тимофеева и Игор Уксусников / РИА Новости

4. На првата изведба на „Оревокршачката“ премиерно засвирела и челестата – сосема нов инструмент во тогашна Русија. Однадвор гледано тоа е минијатурен клавир со метални плочки наместо жици. Инструментот од Париз го донел лично Петар Чајковски и тоа го чувал во тајност со намера на премиерата на публиката да ѝ приреди изненадување. И навистина успеал во тоа.

Раиса Стручкова во улогата на Маша. 1954 година / РИА НовостиРаиса Стручкова во улогата на Маша. 1954 година / РИА Новости

5. Звуците на челестата се „топат“, следејќи ја „возрасната“ и технички дотерана игра. Најважната споредна улога во „Оревокршачка“ е Шеќерната вила. Дури и пред сто години господарката на слатките морала да прави 16 фуетеи. Првпат во оваа улога на руската сцена излегла италијанската примабалерина Антониета Делера.

6. Карневал на руски начин. Во класичната „Оревокршачка“ има околу 150 различни костими. Цвеќиња, играчки, оловни војници, снегулки, вили, глувчиња... Потребни се над педесет луѓе зад сцената за да се облече сета таа мала балетска армија. Дури и конфетите се бројат во килограми: за ефектен танц на снегулките потребни се најмалку дваесет килограми.

7. Во 20 век „Оревокршачка“ станува класика во оној облик во кој во Бољшој театарот ја поставил Јуриј Григорович, а еталонот во изведувањето на дуетот на Маша и на Принцот биле Екатерина Максимова и Владимир Васиљев – позната балетска брачна двојка. Ти ги играле овие улоги со голема страст. Според Григорович Васиљев својата улога ја танцувал идеално. Максимова, пак, вo буквална смисла од Снегулка дораснала до Маша.

8. По револуцијата од 1917 година „Оревокршачката“ е „извезена“ од Русија, како дел од таканаречената Колекција на Сергеев која се состоела од 27 снимки на претстави на Петипа со непроценлива вредност. Имено, главниот режисер на балетската трупа на Мариинскиот театар Николај Сергеев ја напуштил земјата и со себе ги однел раритетите. Партитурите се чуваат на Харвардскиот универзитет, а балетот станува популарен во целиот свет.

9. Балетот „Оревокршачка“ е исклучително витален. Само на сцената на Бољшој театар е поставен над 500 пати. Оваа новогодишна сказна се прославила и во странство благодарение на руско-американскиот кореограф Џорџ Баланчино, кој во 1954 година подготвил спектакл за New York City Ballet. Во екранизацијата според неговото сценарио во 1993 година Принцот го игра уленикот на баланчинската балетска школа и познат глумец Меколи Калкин.

10. По спектаклот на Баланчино оревокршачката манија го зафати сиот свет. Фантазијата на новогодишна тема се поставува на сцените на разни земји од страна на кореографи како што се Рудолф Нуреев, Михаил Баришников, Морис Бежар и Метју Борн.

Екатерина Максимова и Владимир Васиљев &ndash; позната балетска брачна двојка.\nС.Соловјев / РИА Новости<p>Екатерина Максимова и Владимир Васиљев &ndash; позната балетска брачна двојка.</p>\n
С.Соловјев / РИА Новости
Марија Семенов и Алексеј Ермолаев, 1939 година.&nbsp;\nНиколај Шаховски / РИА Новости<p>Марија Семенов и Алексеј Ермолаев, 1939 година.&nbsp;</p>\n
Леонид Сарафанов во улогата на Оревокршачка.&nbsp;\nИгор Русак / РИА Новости<p>Леонид Сарафанов во улогата на Оревокршачка.&nbsp;</p>\n
Оксана Бондарева во улогата на Маша.\nИгор Русак / РИА Новости<p>Оксана Бондарева во улогата на Маша.</p>\n
Игор Русак / РИА Новости
Игор Русак / РИА Новости
 
1/8
 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња