10 факти за Казањскиот собор

30 ноември 2016 Culture.ru
Казањскиот собор кој е еден од симболите на Санкт Петербург бил изграден во 1811 година и вдахновен кон римскиот собор на Свети Петар. Ве потсетуваме на интересните нешта од животот на еден од главните украси на северната престолнина.

Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

1. Го изградил рускиот архитект Андреј Воронихин

Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

Царот Павел Први смислил да го изгради Казањскиот собор на местото на старата црква Рождество на Пресвета Богородица. Императорот направил конкурс за проекти на кој учество зеле Италијанецот Пјетро Гонзаго, Англичанецот Чарлс Камерон и Французинот Жан Франсоа Тома де Томон. Царот веќе ја одобрил работата на Камерон, кога грофот Строганов му го препорачал проектот на младиот архитект Андреј Воронихин кој не учествувал на конкурсот. На императорот му се допаднал проектот и Воронихин бил назначен за главен архитект.

2. Инспириран од соборите во Рим и во Фиренца

Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

Павел сакал новото здание да потсетува на римскиот собор на Свети Петар. Воронихин испроектирал грандиозна колонада која потсетувала на проектот на италијанскиот храм. 96 колони од Казањскиот собор не биле поставени по периметар, ами оделе кон Невската авенија. Северниот страничен дел на храмот станал параден. Според планот на Воронихин, колонада требала да биде изградена и од јужната страна на храмот, но потоа се откажале од таа идеја.

Северната порта на соборот била излиена во бронза според примерот на „рајските двери“ на фиренцискиот баптистериј Лоренцо Гиберти. Современиците го критикувале Воронихин за позајмување и го нарекувале „копирџија“.

3. Зданието се смета за музеј на природен камен

 Lori / Legion-Media Lori / Legion-Media

Соборот го нарекуваат музеј на рускиот природен камен. Главен декоративен материјал бил варовникот кој се добивал во близина на Петербург. Каменот бил сличен на италијанскиот травертино од кој е направен соборот на Свети Петар. Варовникот со воздушна структура лесно се обработувал, а го користеле за надворешните ѕидови на соборот, за создавање на капители, фризови и околу прозорците. Во внатрешниот декор Воронихин користел карелски мрамор, локален порфир, јаспис. Ентериерот на соборот е украсен со 56 колони од розов мермер со позлатени капители.

4. Ентериерот го украсувале главните руски уметници

И однадвор и однатре Казањскиот собор е декориран со скулптури и барелјефи. Бронзените статуи на светците ги создале Степан Пименов, Иван Мартос и Василиј Демут-Малиновски. Ѕидовите се украсени од познати сликари како што се Карл Брјулов и Владимир Боровиковски.

5. Бил храмов музеј на војната со Наполеон во 1812 година

Lori / Legion-MediaLori / Legion-Media

Соборот бил отворен една година пред војната од 1812 година. Пред заминувањето во војната, служба во храмот посетил Михаил Кутузов, кој бил назначен за главен командант. По војната тука биле носени трофеи – воени знамиња, клучеви од освоените градови, маршалскиот жезол на францускиот полководец Луи Никола Даву.

6. Бил Храм на домот на Романови

Црквата на Рождеството на Богородица била придворен храм на домот на Романови. Тука се чувал списокот на иконата на Казањската Богородица – таа се сметала за покровителка на династијата. Кога бил изграден Казањскиот собор тој ја наследил и светицата и улогата на придворен храм. Тука се венчавале сите членови на царското семејство, се служеле благородствени молебни по неуспешните обиди за ликвидација на Александар Втори, се празнувала 300-годишнината на домот на Романови.

7. Ја чувал главната царска светиња

Сергеј Пјатаков / РИА Новости Сергеј Пјатаков / РИА Новости

Храмот бил осветен во чест на иконата на Казањската Богородица, една од најпознатите православни светињи. Во соборот се чувал нејзиниот список кој се сметал за чудотворен. Се смета дека Петар Први лично наредил да се донесе светињата во Петербург и до изградбата на црквата на Рождеството на Богородица иконата се чувала во кулата на Петроградската страна.

8. Тука работел благотворен центар

Во 19 век во соборот работела неделна школа за возрасни, се печател свој весник, храмот бил познат благотворен центар. Во годините на Првата светска војна тука се собирале прехранбени производи и топла облека за испраќање на фронтот, бил отворен еден од првите лазарети во Русија со парите од парохијците и со црковни средства. Тој бил под покровителство на императорката Александра Фјодоровна.

9. Станал Музеј на историјата на религијата и на атеизмот

Карл Була / РИА НовостиКарл Була / РИА Новости

Во 1929 година болшевиците го затвориле соборот, а по 3 години зданието го предале на Академијата на науките. На куполата наместо крст била поставена позлатена топка со шпиц, а црковните предмети биле распределени на музеите. Во него почнал да работи Музејот на историјата на религијата и на атеизмот. Неговата експозиција зборувала за појавувањето и за развојот на христијанството, на исламот, на источните вери.

10. Во СССР храмовите мошти ги криеле на чардакот

Сергеј Компаниченко / РИА НовостиСергеј Компаниченко / РИА Новости

На чардакот на Казањскиот собор речиси 20 години биле скриени моштите на светците што биле чувани во храмот. Соработниците на Музејот на историјата на религијата и на атеизмот ги пренеле моштите на светиот благоверен кнез Александар Невски, на свети Зосим и на други. Дури во 1991 година светињите биле вратени во храмот.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.