Петте најчудни обичаи на Масленица

За јавната бања, палачинки во плетенките и други древни обичаи за време на Масленица, кои за среќа, или за жал не дошле до нашето време.

Масленица е древен словенски празник, кој своите корени ги има во паганската култура и е единствен кој е признаен од страна на Руската православна црква. Во 2016 година Масленица се паѓа во периодот од 7 до 13 март. До денешен ден симбол на овој празник остануваат палачинките во сите варијации, а ние побаравме од раководителот на Центарот за руска култура и уметност и собирач на рускиот фолклор Владимир Девјатов да ни раскаже нешто за необичните и чудни традиции кои биле дел од народната прослава на Масленица.

Голо капење

Во селата на реката Тавда во Свердловската област (2.200 километри источно од Москва – заб. ред.) жителите правеле пародија на прочитителен обред од напасти – капење во „бања“. Тие се соблекувале угол голи надвор и пред сите ги имитирале своите движења на капење во бања, пеејќи частушки (руски народни хумористични песни со еротска, а понекогаш и со непристојна содржина – заб. прев.). Интересно е тоа што до денешен ден ваквиот „стриптиз“ е распространет во овој дел.

Палачинки на глава

Во Вологодската област (450 километри северно од Москва) до крајот на 19 век девојките ја украсувале својата фризура, вплетувајќи палачинки во... плетенките. Се сметало дека на ваков начин тие ќе се заштитат од злите духови и дека со тоа ќе ги привлечат беќарите. Во некои делови биле похумани – со палачинки го кителе старорускиот украс за глава кокошник.

Погребни процесии

Традиционално во последниот дел на празничната недела, на Прочка, се пали сламената кукла на Масленица. Сега тоа е веќе постојан обред, со кој се испраќа зимата и ѝ се поакува топло добредојде на пролетта. Во средните делови на Русија тоа го правеле така што организирале пародија на погребна процесија. Учесниците во процесијата ја носеле низ селото сламената кукла во корито, во лулка или во специјален ковчег. Во процесијата учествувале „поп“ (девојка во памучна ткаенина со залепена брада од коноп или од волна), „ѓакон“ и „ѓаконија“, а исто така и група оплакувачи, која одела во процесијата.

Ги бакнуваат сите

На Масленица правеле и своевидни бендисувања на младоженци: ги поставувале покрај столбовите на портите и ги терале да се бакнуваат пред сите, ги поклопувале со снег кога младоте се возеле на санка по селото, ги запирале и фрлале врз нив слама, а понекогаш правеле и „бакнувалник“ – секој соселанец можел да дојде во нивниот дом и да ги бакне мажот или жената.

Се женам?

Момчињата и девојките кои не стапиле во брак во текот на претходната година (кои не го исполниле својот животен долг) биле казнувани. На југ нив ги врзувале за тежок трупец, или им го закачувале на врат и ги терале да одат со нив цела недела. За да се спасат морале да платат или да направат гоштевање за Масленица.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња