Искапете се за Водици без да настинете

Константин Заваржин
„Руска реч на македонски“ ве подучува како да се приклучите на екстремната руска традиција на капење во замрзната и ладна вода, а тоа да не повлијае врз вашето здравје.

Ритуалот на нуркање во отвор во мраз во Русија потекнува од традицијата на древните Скити кои на овој начин ги челичеле своите деца. Овој обичај постепено се врзал за православниот празник Богојавление (19 јануари).

Откако Русија го примила христијанството (988 година), Богојавление станал еден од најважните верски празници. Денот наспроти Водици (18 јануари) на реките и на езерата се отворале „јордани“. Тоа се отвори во мраз во облик на крст кои така се нарекуваат според реката Јордан во која е крстен Исус Христос. Ноќта помеѓу 18 и 19 јануари на јорданите оделе свечени литии кои биле предводени од свештеник. Тој ја осветувал водата во јорданот, нурнувајќи во неа крст три пати и читајќи молитва. Од тој момент, па во наредните 24 часа водата во сите водени басени (а подоцна и водата во водоводот) се сметала за света. Луѓето се миеле со неа, ја пиеле, полнеле садови со неа и ја носеле дома за да ги осветат своите живеалишта и за да се лекуваат од болести.

Обичајот на нурнување во отворот во мраз со осветена вода на почетокот не бил масовен. Во водат влегувале само оние кои учествувале во Свјатки (12 празнични дена по православниот Божиќ). Според паганската традиција во тие денови учесниците носеле маски на животни и го забавувале народот со песни и со коледа. За Водици требале од себе „да ја измијат маската на ѕвер“ така што ќе се нурнат во замрзнатата осветена вода. Овој обичај со текот на времето се проширил и се поврзувал со верувањето дека човекот што на Богојавление трипати ќе се нурне во отворот во мразот од себе „ги измива“ гревовите што се насобрале во текот на годината.

Денес поголемиот дел учесници во богојавленското капење ова го доживува како народен празник. Во отворот од мраз на Водици не нуркаат само од верски побуди, ами и со цел да се обидат, да го зајакнат своето здравје, да доживеат нешто ново или само за да се забавуваат.

Не морате да бидете ниту Русин, ниту, пак, православен за да учествувате во овој народен празник. Најважно е да бидете добро расположени и отворени за нови искуства, и да ги почитувате едноставните правила за безбедност:

Доколку страдате од заболување на срцето, на дишните органи, на нервниoт систем или од дијаветес, капењето треба да го замените со миење со ладна вода.

Подгответе се за капењето. Два дена однапред почнете да се туширате со студена вода, постепено зголемувајќи го траењето на туширањето.

Не заборавете со себе да земете гумени папучи, пешкир, костим за капење и преслека.

4. Ако одите првпат на богојавленско капење, гледајте тоа да биде со искусни капачи и во присуство на спасувач и на лекар.

5. Пред капењето каснете малку мрсна храна, на пример сланина, но не прејадувајте се.

6. Облечете се топло. Волнени чорапи, топли ракавици, шал и капа ќе би бидат добредојдени.

7. Пред капењето загрејте ги мускулите, на пример клекнете и станете 10-15 пати.

8. Во водата треба да влегувате постепено. Влезете до градите, запрете го дишењето и трипати нурнете, а пота брзо излезете од водата. Доколку за првпат учествувате во богојавленското капење, доволно е само да нурнете во водата. Нема потреба да пливате.

9. Почетнниците не би требало да бидат во студената вода повеќе од 10 секунди. Кога ќе излезете од водата, истријте се со пешкир и веднаш облечете се. Не валкајте се по снегот. Оваа забава е резервирана само за искусните зимски капачи.

10. Не пијте лути алкохолни пијалаци на ладно. Ова нема да ви помогне да се загреете. Најдобро испијте врел чај со мед.

Во Москва на Водици секоја година се отвораат сé поголем број опремени капалишта. По правило, покрај нив има топли соблекувални, а исто така и спасувачи и лекари. Минатата година во масовното капење учествуваа околу 160 илјади луѓе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња