Фотографија: Михаил Озерски / РИА Новости
Московскиот филмски фестивал би можел да се смета за втор по старост во светот. Колку и да звучи чудно, на почетокот меѓународните филмски натпревари биле идеја на диктаторските мозоци. Првиот, Венецијанскиот, го смислил Мусолини – сакал да ги прикаже предностите на фашизмот, а втор бил Сталин, кој сакал да ја прикаже предноста на социјализмот.
Сталин и го прекинал фестивалот веднаш по неговото прво издание во 1935 година, со оглед на тоа дека се наѕирала Втората светска војна, па не било дојдено до филмови. А, првиот фестивал во московското кино „Ударник“ бил повеќе од успешен: претседател на жирито бил Сергеј Ејзенштејн, а меѓу лауреатите биле Чарлс Лотон и Волт Дизни. Тогаш се прославила и станала миленичка на советската публика Франческа Гал во комедијата „Пјотр“. А, потоа сè запрело до 1959 година, кога по иницијатива на министерот за култура Екатерина Фурцева во Москва се одржал меѓународен фестивал – повторно прв.
ММКФ на почетокот се одржувал еднаш на две години, менувајќи се со братскиот фестивал во чехословачкиот град Карлови Вари. И бил многу успешен. Сега е многу тешко да се замисли, но со фестивалските проекции била зафатена цела Москва, од огромните сали на стадионот во Лужники и Дворецот за конгреси до оддалечените кина на крајот од градот. Не се продавале билети, туку постоеле претплати, при што секоја сеанса била составена од два филма: „социјалистички“ и „капиталистички“. Првиот се сметал како „товар“, но според уметничките квалитети често го надминувал вториот. Впрочем, и од „непријателскиот круг“ доаѓале првокласни филмови, од комедијата „Некои тоа го сакаат жешко“ на Били Вајлдер до новаторскиот „Осум и пол“ на Федерико Фелини, од „Смрт во Венеција“ на Лукино Висконти и „Гол остров“ кој на светот му го откри режисерот Кането Сидно до „Филмски аматер“ на тогаш малкупознатиот Кшиштов Кјешловски. Награди на фестивалот имаат добиени најголемите мајстори на планетата – од Акира Куросава и Анџеј Вајда и Федерико Фелини и Стенли Крајмер.
Во 2005 година на 27 Московски меѓународен филмски фестивал во официјалната програма беше прикажан македонскиот филм „Бал-кан-кан“ на режисерот Дарко Митревски, на кој му беше доделена специјална награда – диплома на руската филмска критика.
Фестивалот исто така беше прозорче низ кое можеше да се ѕирне во големиот, сосема оддалечен свет, а светот, пак, можеше да дознае нешто и за нас. Затоа во текот на тие две недели љубителите на филмот доаѓаа во Москва од сите страни и стоеја во редици за претплата. На многумина им успеваше да погледнат до осум филмови за еден ден – заспиваа, но се креваа, собираа впечатоци, како што камилата собира вода: требаше да живеат во следните две години.
Ѕвездите во Москва доаѓаа по првата покана. Со љубопитство доаѓаа на приемите на „Мосфиљм“, каде со пељмени ги гостеа режисерите Сергеј Герасимов и Сергеј Бондарчук, патуваа на брод по реката Москва и заминуваа на еден ден во Ленинград. Постојано беа изненадени од грандиозниот интерес на московјаните за филмовите: не можеа да си замислат дека нема да имаат друга шанса за да погледнат некој филм. Хрониките на ММКФ чуваат мошне интересни казуси кои се поврзани со првите ѕвезди. Кога, на пример, Софија Лорен и Џина Лолобриџида неочекувано се појавија на прием во Кремљ во сосема исти, но истовремено ексклузивни тоалети. Кога се виделе, ѕвездите биле изненадени, а прва од ситуацијата се извадила Лолобриџида која на Софија Лорен и викнала „Здраво, сестричке!“. И двете почнале да се кикотат.
На фестивалот навистина имаше посебна атмосфера – празнична и семејна во исто време. Учесниците на ММКФ се сеќаваат колку изгубено се смееше, влегувајќи во зградата на Сојузот на кинематографите, Џулиета Мазина: таа очекувала насмевки за возврат, а сите наоколу ги тргаа погледите – неформалната комуникација со ѕвездите беше несекојдневна работа, а можеби и опасна.
Во филмската историја влезе и скандалот околу филмот на Фелини „Осум и пол“: жирито под раководство на Григориј Чухрај нему му ја додели главната награда, но генералниот секретар Никита Хрушчов, кој заспа на филмот, негодуваше. Чухрај беше повикан на разговор и од него се бараше наградата да ја врачи на советската драма „Запознајте се, Балуев“. Но, режисерот-фронтовик беше бестрашен и остана на своето. Филмот на Фелини отвори нова ера во кинематографијата, а за „Балуев“ веќе следниот ден заборавија.
Во текот на својата историја на чело на фестивалот стоеја мајстори како што се Сергеј Герасимов, Сергеј Бондарчук, Сергеј Соловјов. Сега го предводи Никита Михалков; на негова иницијатива е основана наградата во чест на Станиславски „Верувам!“, со која се наградени најголемите мајстори на светската кинематографија, меѓу кои се и Џек Николсон, Мерил Стрип, Фани Ардан и Хелен Мирен.
Московскиот филмски фестивал би можел да се смета за втор по старост во светот. Колку и да звучи чудно, на почетокот меѓународните филмски натпревари биле идеја на диктаторските мозоци. Првиот, Венецијанскиот, го смислил Мусолини – сакал да ги прикаже предностите на фашизмот, а втор бил Сталин, кој сакал да ја прикаже предноста на социјализмот.
Сталин и го прекинал фестивалот веднаш по неговото прво издание во 1935 година, со оглед на тоа дека се наѕирала Втората светска војна, па не било дојдено до филмови. А, првиот фестивал во московското кино „Ударник“ бил повеќе од успешен: претседател на жирито бил Сергеј Ејзенштејн, а меѓу лауреатите биле Чарлс Лотон и Волт Дизни. Тогаш се прославила и станала миленичка на советската публика Франческа Гал во комедијата „Пјотр“. А, потоа сè запрело до 1959 година, кога по иницијатива на министерот за култура Екатерина Фурцева во Москва се одржал меѓународен фестивал – повторно прв.
ММКФ на почетокот се одржувал еднаш на две години, менувајќи се со братскиот фестивал во чехословачкиот град Карлови Вари. И бил многу успешен. Сега е многу тешко да се замисли, но со фестивалските проекции била зафатена цела Москва, од огромните сали на стадионот во Лужники и Дворецот за конгреси до оддалечените кина на крајот од градот. Не се продавале билети, туку постоеле претплати, при што секоја сеанса била составена од два филма: „социјалистички“ и „капиталистички“. Првиот се сметал како „товар“, но според уметничките квалитети често го надминувал вториот. Впрочем, и од „непријателскиот круг“ доаѓале првокласни филмови, од комедијата „Некои тоа го сакаат жешко“ на Били Вајлдер до новаторскиот „Осум и пол“ на Федерико Фелини, од „Смрт во Венеција“ на Лукино Висконти и „Гол остров“ кој на светот му го откри режисерот Кането Сидно до „Филмски аматер“ на тогаш малкупознатиот Кшиштов Кјешловски. Награди на фестивалот имаат добиени најголемите мајстори на планетата – од Акира Куросава и Анџеј Вајда и Федерико Фелини и Стенли Крајмер.
Фестивалот исто така беше прозорче низ кое можеше да се ѕирне во големиот, сосема оддалечен свет, а светот, пак, можеше да дознае нешто и за нас. Затоа во текот на тие две недели љубителите на филмот доаѓаа во Москва од сите страни и стоеја во редици за претплата. На многумина им успеваше да погледнат до осум филмови за еден ден – заспиваа, но се креваа, собираа впечатоци, како што камилата собира вода: требаше да живеат во следните две години.
Ѕвездите во Москва доаѓаа по првата покана. Со љубопитство доаѓаа на приемите на „Мосфиљм“, каде со пељмени ги гостеа режисерите Сергеј Герасимов и Сергеј Бондарчук, патуваа на брод по реката Москва и заминуваа на еден ден во Ленинград. Постојано беа изненадени од грандиозниот интерес на московјаните за филмовите: не можеа да си замислат дека нема да имаат друга шанса за да погледнат некој филм. Хрониките на ММКФ чуваат мошне интересни казуси кои се поврзани со првите ѕвезди. Кога, на пример, Софија Лорен и Џина Лолобриџида неочекувано се појавија на прием во Кремљ во сосема исти, но истовремено ексклузивни тоалети. Кога се виделе, ѕвездите биле изненадени, а прва од ситуацијата се извадила Лолобриџида која на Софија Лорен и викнала „Здраво, сестричке!“. И двете почнале да се кикотат.
На фестивалот навистина имаше посебна атмосфера – празнична и семејна во исто време. Учесниците на ММКФ се сеќаваат колку изгубено изгубено се смееше, влегувајќи во зградата на Сојузот на кинематографите, Џулиета Мазина: таа очекувала насмевки за возврат, а сите наоколу ги тргаа погледите – неформалната комуникација со ѕвездите беше несекојдневна работа, а можеби и опасна.
Во филмската историја влезе и скандалот околу филмот на Фелини „Осум и пол“: жирито под раководство на Григориј Чухрај нему му ја додели главната награда, но генералниот секретар Никита Хрушчов, кој заспа на филмот, негодуваше. Чухрај беше повикан на разговор и од него се бараше наградата да ја врачи на советската драма „Запознајте се, Балуев“. Но, режисерот-фронтовик беше бестрашен и остана на своето. Филмот на Фелини отвори нова ера во кинематографијата, а за „Балуев“ веќе следниот ден заборавија.
Во текот на својата историја на чело на фестивалот стоеја мајстори како што се Сергеј Герасимов, Сергеј Бондарчук, Сергеј Соловјов. Сега го предводи Никита Михалков; на негова иницијатива е основана наградата во чест на Станиславски „Верувам!“, со која се наградени најголемите мајстори на светската кинематографија, меѓу кои се и Џек Николсон, Мерил Стрип, Фани Ардан и Хелен Мирен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче