Хемискиот состав на руската душа

Ако отпатувате во помалите места ќе наидете на луѓе кои навистина ја сакаат природата и најдобро се чувствуваат во преубавите прерии на Русија. Извор: Alamy / Legion Media.

Ако отпатувате во помалите места ќе наидете на луѓе кои навистина ја сакаат природата и најдобро се чувствуваат во преубавите прерии на Русија. Извор: Alamy / Legion Media.

На оние на кои им е тешко да ја разберат сета сложеност на Русија и на Русите најлесно е сè што им е непоимливо да го припишат на „руската душа“. „Што е тоа руска душа“, веќе 11 години ме прашуваат бројни пријатели кои не се Руси. Фјодор Достоевски, Николај Гогољ и Лев Толстој, секој на свој начин, во своето време ги толкувале особеностите на овој феномен. Сепак, дали нешто е променето во 21 век?

Единаесет години престој во Русија е доволно време за да се интегрирам во културата на оваа земја, но не сум сигурен колку за сето тоа време мојата душа станала руска. Кај моите пријатели вакви прашања не постојат, тие се вистински Руси. Имам забележано дека имаат некои заеднички особености што многу ги ценам, а кои ќе ги искористам за да опишам што за мене значи денешната руска душа. 

Изразена смисла за хумор 

Што ги зачудува странците во Русија
Откако ќе се преселат во некоја друга земја, новодојдените често се зачудени од некои навики на локалните жители. Ние решивме да ви раскажеме што ги зачудува странците во оваа мистериозна, чудна, марсовска земја Русија.

Животот во Русија е непредвидлив и промените се случуваат побргу одошто во другите краишта на светот. Еден од начините за луѓето да се изборат со неизвесноста е да се развие добра смисла за хумор. И навистина, дури и во најсериозните ситуации, небаре секогаш постојат некои забавни и смешни моменти. Во една пригода видов како полицаец истовремено им раскажува виц на осомничениот, на оштетениот и на нивните адвокати – и сите прснаа од смеење. 

Оваа прочуена смисла за хумор е присутна и во руските хорор филмови. Во Русија мошне се цени и црниот хумор, кој го среќаваме и во секојдневниот живот. 

Цврстина 

Во многу кругови ова се смета за позитивна карактеристика и за мерило на силата. „Чувај си ги нервите“, секогаш ми вели еден мој близок пријател и колега. Секако, ваквата негова зрелост може да се припише и на животното искуство, но она што особено го ценам кај него е фактот дека никогаш не го губи увидот на пошироката слика. Со текот на годините видов колку е корисно да не се вознемирувам поради дреболии. 

Русинка што е во емотивна врска со странец обично му замерува дека не е доволно „јак“. Животот на рускиот Далечен Исток (на Сахалин) направи и јас да станам појак, а за тоа не се заслужни долгите и ладни зими. 

Искреност 

Оваа особина најмногу ја сакам кај Русите. Луѓето главно знаат на што се во однос со нив. Дали ве сакаат или не – тоа е сосема очигледно! Русите обично не се насмевнуваат неискрено. Непознат човек или скорешен познаник во оваа земја нема лесно да ви се насмевне, но тоа не треба да ве загрижува. Постојат шеги за туристите кои патуваат во Јапонија или во Скандинавија во кои се вели: „Тоа што некој е љубезен кон вас, не значи и дека сте му симпатични“ Ваква искреност нема да сретнат во Русија. 

Тајната формула на руската убавина
На сите им е познато дека жените од Русија се едни од најубавите на светот. „Руска реч на македонски“ се обиде да открие зошто Русинките се толку посебни. На ова прашање не постои единствен одговор, но тајната формула очигледно е мешавина од нега, климата, генетиката и – конкуренцијата.

Руската душа бара отвореност. Искрените одговори на кои наидувате на јавните места често погрешно се толкуваат како грубост, но притоа не постојат лоши намери. Поради оваа искреност некои изјави се квалификуваат како политички некоректни, но и ова е подобро од лажните насмевки кои го кријат лошото мислење за вас. 

Живот во согласност со природата 

Морам да го споменам следново: во денешно време многу московјани не живеат онака како што сугерира овој поднаслов. Но, ако отпатувате во помалите места ќе наидете на луѓе кои навистина ја сакаат природата и најдобро се чувствуваат во преубавите прерии на Русија. 

Руската душа ја цени дивината: за време на студените вечери Русите уживаат во топла чорба покрај огновите и со музика под отворено небо. Напорите дивината да се припитоми е дел на традицијата во земјата во која можеби постојат најубавите природни убавини на светот. 

Преданост 

Оваа руска особина ја имам доживеано и на личен и на професионален план. Тука пријателствата се сфаќаат сериозно и траат цел живот. Една од најпознатите изреки за пријателството вели „стариот пријател е подобар од двајца нови“. Во Русија, благодарение на ваквата преданост, ги имам склопено некои од најцврстите пријателства, за кои не сум ни помислувал дека постојат. 

Незадолжителното пријателство во Русија не се цени. Секако, добивањето на нечија доверба не е секогаш лесно, но кога „ќе се пробие мразот“ добивате верен и предан пријател. Тука и работодавачите се трудат да ги задржат своите работници. Но, ова може да има врска и со тоа што на односот на понудата и побарувачката влијае ретката населеност на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња