Како Менделеев летал со балон

Извор: Наталија Михајленко

Извор: Наталија Михајленко

Дмитриј Иванович Менделеев (1834-1907) – голем руски хемичар, креатор на Периодниот систем на елементи кој во науката предизвика сензација која е еднаква со откривањето на електричната светлина. Националната митологија му го препишува и создавањето на вотката.

Наводно, пред Менделеев вотката имала произволна јачина, а тој за првпат го пресметал магичниот, оптимален број – четириесет степени. И оттогаш започнало сè... 

Самиот Менделеев не се сметал себеси за хемичар. И со право. Во тие години зборот хемичар (руски „химик“) бил синоним за крадец. Глаголот „химичить“, пак, значел краде, прелажува.

Вотката и нејзините тајни
Вотката е најпопуларен дел на руската традиционална трпеза, позната во сиот свет. Жителите на Русија се страсни љубители на вотка, но и нејзини страсни противници. „Руска реч на македонски“ ви дава совети како да изберете вистинска вотка и како и со што да ја пиете.

А, со што сè не се занимавал! Изработувал и кожни ковчези, го открил и барутот што не чади, и му давал совети на царскиот министер Вите, летал на балон, дури и го учел познатиот поет Александар Блок како треба правилно да се пишуваат стихови. Кога Блок дошол да ја побара раката на Љуба, ќерката на Менделеев, Дмитриј Иванович го седнал на каучот и почнал да му ја чита сказната „Грбавиот коњ“ од Ершов. А, ти можеш вака да пишуваш? А-а? Тогаш не вели дека си поет! 

А, еве каква е приказната со балонот. Менделеев решил да го набљудува затемнувањето на Сонцето од стратостатот „Руски“. Со него требало да појде и поручникот Ковањко. Било стушено, паѓал мал, грд дожд. Менделеев и Ковањко се качиле во кошницата, го пресекле јажето, но балонот воопшто не се мрднал од место. Менделеев почнал да исфрла сè што имало во кошницата: штиците, табуретките, ковчегот. Се наведнал на дното на кошницата и со двете раце почнал оттаму да го исфрла мокриот песок. Залудно. Тогаш му викнал на поручникот: Излезете. Ќе одам сам! За минута стратостатот исчезнал во облаците. 

Мракот што паѓал правел човек да се чувствува депресивно. Сопругата на Менделеев се чувствувала лошо. Атмосферата станала уште понеподнослива кога стасала телеграма во која пишувало: Балонот е виден, Менделеев го нема. 

Вознемиреноста била оправдана. Откако престанал да го набљудува црното сонце на светлото небо, Менделеев решил да се спушти. Но, не успеал да го направи тоа. Се заплеткало јажето кое водело кон вентилот за гас. Обидувајќи се да не гледа надолу, се качил на трупот од кошницата и, балансирајќи, го отпетлал јажето. Многу му пречел тешкиот капут од чоја, што го облекол за да не се разболи, и високите ловечки чевли. Подгрбавен, не многу смасен 53-годишен маж над облаците... Почнало да му се врти во главата, пред очите му се појавиле црвени точки. Откако почнало да излегува малку гас од балонот, тој почнал да се спушта.  

На местото на кое слетал веднаш се појавил селскиот старешина и, гледајќи го сомнително Менделеев, го запрашал: Шпион ли си? 

„Јас сум научник“, рекол Менделеев. 

„Е, па, научнику“, рекол старешината, „бегај оттука, а јас ќе внимавам на твојот 'меур'“. 

Најверојатно старешината бил под дејство на „менделеевка“, националниот пијалак од 40 степени...

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња