Извор: kinopoisk.ru
- Јарослав, како ја добивте улогата на Гагарин?
Режисерот и продуцентот на „Гагарин“ не ме познаваа, а кастинг-директорот ме покани да дојдам неколку пати: пробавме разна шминка, костими и различни партнери. Јас и претходно сум одел на проби, но таму можев да фантазирам, да предлагам свои идеи. Тука постоеше јасно формулирана задача: да се прикаже вистински херој и едноставно руско момче, да се создаде човечки лик, лик со душа, на првиот космонаут. Многу беше тешко да се влезе во тие рамки.
- Ви рекол ли некој дека личите на Гагарин?
Во филмот има сè на сè четири актери кои го толкуваат ликот на Гагарин, јас ја имам декадата од 17 до 27 години, а токму на 27 години Гагарин полетал во космосот
Кога ме поканија преку телефон да одам на проба, јас веднаш почнав да пребарувам на Интернет, најдов негови фотографии и се зачудив: која е сличноста помеѓу нас двајцата? Единственото нешто е што мајка ми ми подарила и мене широка насмевка. Гагарин дури и бил понизок од мене 10 сантиметри. Кога режисерот Павел Пархоменко и продуцентот Олег Капанец ми рекоа „Навистина личиш на него“, си помислив дека се шегуваат. Доколку ми направат пластична шминка и јас би станал во целост како Јуриј Гагарин, тогаш не ќе се грижев за надворешната сличност. Но, сценаристот, режисерот и продуцентот имаа друга задача – тие немаа намера да направат маска, немаа намера да направат „кукла“. Основниот акцент в филмот е ставен на енергетското јадро на главниот лик.
- Како се подготвувавте за снимањето?
Јас навреме почнав да се доведувам себеси во форма, вежбав со тренер. Ме подготвуваа исто како космонаут, практично сите трикови, со исклучок на скокот со падобран, ги правев јас самиот. Сакав да пробам сè, како на пример центрифугата. Во центрифугата Гагарин бил изложен на 10 G, а мене ми дозволија само до 4 G – тоа е според моите физички способности. И, морам да ви кажам, дека таа машина не е за оние со слаби нерви.
- Што е она што Вам лично ви го даде оваа улога?
За мене, како и за сите, Гагарин беше херој, а во процесот на работа јас дојдов до заклучок дека тоа е обичен човек
За мене, како и за сите, Гагарин беше херој, а во процесот на работа јас дојдов до заклучок дека тоа е обичен човек, кој ги имал истите можности како и останатите космонаути од таа дваесетка од првиот одред на космонаути. Тој бил насочен кон исполнување на целта, сакал сè да постигне. Тоа најмногу ми се допадна кај него. Сакав да ги пронајдам истите тие карактеристики кај себе.
- Најдовте ли заеднички јазик со колегите од филмот?
Во филмот има сè на сè четири актери кои го толкуваат ликот на Гагарин, јас ја имам декадата од 17 до 27 години, а токму на 27 години Гагарин полетал во космосот. Рака на срце, за време на снимањето јас бев малку помлад. Особено топли односи воспоставив со актерката која ја играше мајката на Гагарин, а тоа е Надежда Маркина. Таа беше толку внесена во нашите сцени, што понекогаш ми се чинеше дека таа не мисли на себе, туку дека повеќе се грижи за мене. Кога ме снимаа во крупен план, јас чувствував, гледав по нејзината мимика, дека таа игра заедно со мене. Таков партнер е навистина скапоцен. Михаил Филипов, кој ја толкува улогата на Корољов, е исто така друга „планета“. Помеѓу нас имаше силна енергија. Надворешно тој е сосема малку емотивен, но има глас кој плени, прекрасни очи и таква експресивна психофизика, што тоа те поттикнува во кадарот. Со еден збор, имав среќа со партнерите. Се надевам дека добро сум ја завршил својата работа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче