Ретро новогодишен анимиран филм

За вистинските љубители, вистинска реткост - анимиран филм од 1913 година.


За македонски превод притиснете „CC“.
Дали знаевте дека првиот руски аниматор е Владислав Старијевич, а веројатно и прв во светот. Неговиот прв анимиран филм (1912) е направен со инсекти (затоа што тој подеднакво споделувал две пасии - анимацијата и ентомологијата). Сказната „Убавата Леуканина“ имала огромен меѓународен успех, а еден Британски критичар дури бил измамен да верува дека во филмот „играат“ живи, дресирани инсекти. Помеѓу другите неверојатни куклени анимации кои тој ги има направено е и оваа „Божиќ на инсекти“ која ви ја претставуваме денеска. Прикажана е точно пред 100 години, во 1913, со што денешново наше прикажување е своевидно одбележување на годишнината.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња