Русија успешно лансираше интерконтинентални ракети

Во Белото море од атомската подморница „Владимир Мономах“ првпат беа лансирани две интерконтинентални ракети „Булава“, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.

„Стратешката ракетна подморница на Северната флота „Владимир Мономах“ (проект 955 „Бореј“) под команда на капетан 1 класа Виктор Сидоренко успешно истрела две интерконтинентални балистички ракети „Булава“ и Белото море на полигонот Кура на Камчатка“, пишува на сајтот на Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Лента.ру“.

„Лансирањето на двете интерконтинентални балистички ракети ја потврди сигурноста на функционирањето на сите компоненти, вклучувајќи ја и автоматиката на ракетниот систем „Булава“, пишува во соопштението.

Лансирањето на ракетите можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња