Со терористичката закана може да се справиме само ако се обединат напорите на целата меѓународна заедница, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.
„Добро разбираме дека за да се справиме со терористичката закана и да им помогнеме на милиони луѓе кои останаа без дом можеме само ако ги обединиме напорите на целата меѓународна заедница“, изјави Путин на неформалната средба на лидерите на земјите од БРИКС.
Притоа тој ги нарече ужас терористичките напади што се случија во Франција.
„Сочувствуваме со настраданите, секогаш се залагаме за обединување на напорите за ефикасно да се бориме со терористичката закана“, истакна претседателот.
Истовремено тој потенцираше дека е неопходно да се делува во согласност со Повелбата на ООН, потпирајќи се на меѓународните норми и почитувајќи ги суверените права и законските интереси на секоја држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче