Московјаните положуваат цвеќе пред амбасадата на Франција

Московјаните оставаат цвеќе пред амбасадата на Франција и им оддаваат почит на жртвите на терористичките напади во Париз.

Московјаните носат цвеќе пред амбасадата на Франција и им оддаваат почит на жртвите во серијата терористички напади во Париз. Пред зградата на дипломатската мисија се запалени свеќи, а на импровизираниот меморијал се оставени икони, пренесува „РТ“.

Според претседателот на Франција Франсоа Оланд, одговорноста за терористичките напади ја презела „Исламската држава“, пренесува „Газета.ру“.

Ослободените заложници за француските медиуми изјавија дека напаѓачите во арената Батаклан зборувале дека се светат за француската интервенција во Сирија.

Оланд изјави дека земјата ќе се бори против терористите без милост. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња