Могерини: Париз, Либан, Русија и Египет настрадаа од тероризмот

Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини ги изедначува терористичките напади во Париз со падот на рускиот А321.

Земјите кои учествуваат во преговорите за Сирија во Виена имаат почувствувано слична болка, тага и шок последниве неколку недели, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, пренесува „Интерфакс“.

„Повторно Париз вчера. Либан пред еден ден, Русија и Египет пред две недели, повторно Турција пред неколку недели. Сѐ јасно ни кажува дека тоа се однесува на сите нас. Европејците, Арапите, Истокот и Западот, целата меѓународна заедница настрада од тероризмот и од оние кои успеваат да нѐ разделат и да посеат паника“, се вели во изјавата на Могерини што ја објави Европската надворешнополитичка служба.  

Според нејзиното мислење, најдобар одговор на тоа е обединување, надминување на разногласијата и обидот заеднички да се дојде до мир во Сирија. „Тоа е она што се обидуваме да го направиме овде денеска“, истакна Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња