Бомбардерите Су-34 добиваат уред за радио-електронска борба

Руската војска ќе ја добие првата тура на специјалните уреди „Хибини-10Б“, кои овозможуваат бомбардерите Су-34 да се заштитат од сите современи средства за ПВО, изјави директорот на Концернот „Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ) Игор Насенков.

Според зборовите на Насенков, станува збор за релативно мали кутии кои се ставаат на краевите на крилата на авионот, со што леталата се заштитени од сите современи средства за ПВО и од непријателските ловци, пренесува РИА „Новости“.

Насенков додава дека првата тура од овие уреди ќе пристигне до крајот на ноември.  

„Хибини-10Б“ функционира така што, по добиена тревога за ракетен напад, го покрива авионот со заштитна радио-електронска „капа“, а како резултат на тоа ракетите едноставно се „отклонуваат“ и не стигнуваат до целта.

Покрај тоа, Су-34 со вграден „Хибини 10-Б“ ќе овозможи и заштита на сите останати авиони што се наоѓаат во негова непосредна близина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња