Лавров: Развојот на односите меѓу Русија и Кина е приоритет за Русија

Министерот за надворешни работи на РФ го изјави ова во текот на средбата со министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји на „маргините“ на форумот на АСЕАН

Развојот на руско-кинеските односи претставува приоритет за Русија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.  

„Развојот на руско-кинеските односи е приоритет за Русија и се надевам дека тоа одговара на интересите на мирот и стабилноста“, изјави тој во текот на средбата со министерот за надворешни работи на Кина Ван Ји.

Во врска со тоа Лавров потсети на мајската посета кинескиот претседател Си Ѓинпин на Москва и за претстојната посета на Путин на Кина. „Во јули нашите лидери се сретнаа кога учествуваа на самитите на ШОС и БРИКС во Уфа. Точно за еден месец претседателот на Русија на покана на претседателот на Кинеската Народна Република ќе учествува на манифестациите по повод 70-годишнината од победата во војната за отпорот на Кина на јапонскиот милитаризам. Се надевам дека со вас денеска ќе можеме да дискутираме за текот на подготовките за оваа важна посета“, истакна рускиот министер.

Од своја страна, Ван Ји изјави дека минатиот месец „Русија како домаќин успешно ги одржа самитите на ШОС и БРИКС“. „Сето тоа уште еднаш ја потврди силната способност на руската страна за организација на големи меѓународни манифестации и важното меѓународно влијание на вашата земја“, забележа кинескиот министер. „Оваа година се одбележува 70-годишнината од победата во Втората светска војна. Народите на Русија и Кина претрпеа не само многу тешки загуби, туку и ја одиграа главната улога во постигнувањето на победата“;, истакна кинескиот шеф на дипломатијата.

Средбата се одржува „на маргините“ на форумот на АСЕАН.

Во Малезија од 5-6 август се одржуваат годишното собрание на Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), министерска средба Русија-АСЕАН, средба на шефовите на дипломатиите на земјите-учеснички на Источноазискиот самит (ИАС), 21 сесија на Регионалниот форум на АСЕАН за безбедност (АРФ).

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња