САД ја сомничат московската филијала на „Дојче Банк“ за перење пари

Министерството за правда на САД почна истрага против московската филијала на „Дојче Банк“ поради сомневање за перење на приходи стекнати на криминален начин, соопштува агенцијата „Блумберг“.

Министерството за правда на САД почна истрага против московската филијала на „Дојче Банк“ поради сомневање за перење на приходи стекнати на криминален начин, соопштува агенцијата „Блумберг“. Според информациите на министерството, на име на руските клиенти на банката во текот на годината биле направени сомнителни зделки за милијарда долари. Од банката бил побаран список на вработени кои учествувале во тие операции.  

Сомневањата на американското министерство биле предизвикани од таканаречените рефлективни зделки со финансиски инструменти – деривативи. Клиентите на банката ги купувале за рубли на вонберзанскиот пазар на Московската берза, а неколку секунди подоцна ги продавале на вонберзанскиот пазар во Лондон.

Одделот за финансиски услуги на државата Њујорк на 14 јули ги побарал од „Дојче Банк“ документите на нејзината московска филијала за следење на сомнителните зделки. Како што соопштува агенцијата, особен интерес предизвикала епизодата со мито кое наводно му било нудено на службеник на банката за обнова на операцијата со колега со кого работата била запрена во текот на внатрешната истрага за перење пари. Впрочем, според информациите на истрагата, работникот на банката одбил да ги земе парите.

Министерството за правда на САД исто така се интересира дали руските клиенти на банката вршеле незаконска размена на рубли за долари и дали притоа го прекршувале важечките санкции спрема Москва. Освен тоа, се проверуваат и операциите со хипотеки и хартии од вредност. Самата „Дојче Банк“ не ја коментира ситуацијата.  

Во вториот квартал на 2015 година „Дојче Банк“ потроши на правни услуги 1,2 милијарди евра – двојно повеќе отколку што предвидуваа аналитичарите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња