Првите руски ракетни мотори „РД-181“ испорачани во САД

Според првичните информации, на крајот на годината се планирани испитувања на работата на рускиот мотор „РД-181“ во состав на ракетата „Антарес“

Русија ги испорача на САД првите два ракетни мотори „РД-181“ за ракетата-носач „Антарес“ во рамките на претходно склучениот договор, соопшти ТАСС повикувајќи се на прес-центарот на РКК „Енергија“.

„На 15 јули првите два мотори „РД-181“ се испратени од Русија и на 16 јули испорачани во САД“, изјавија од прес-службата.

Според првичните информации, на крајот на годината се планирани испитувања на работата на рускиот мотор „РД-181“ во состав на ракетата „Антарес“.

Американците ги одбраа руските мотори „РД-181“ откако ракетата-носач „Антарес“ експлодираше на космодромот на стартот на лансирањето. По настанот, компанијата „Орбитал АТК“ донесе одука во целост да се откаже од постојните мотори и да почне да користи посигурни варијанти. Бидејќи во моментов САД немаат подобри опции, компанијата се реши за руските мотори „РД-181“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња