Парубиј: Ние своите „Бура“ и „Молња“ ќе ги спроведеме кога ќе падне финансиската империја на Путин

Украинската власт ја разгледува можноста за развој на настаните во која самопрогласените републики на Донбас, Донецката и Луганската Народна Република, ќе ги снајде судбината на Српска Краина, изјави за украинската телевизија потпретседателот на Врховната рада на Украина Андреј Парубиј.

Украинската власт ја разгледува можноста за развој на настаните во која самопрогласените  републики на Донбас, Донецката и Луганската Народна Република, ќе ги снајде судбината на Српска Краина, која престана да постои по офанзивата на хрватската армија 1995 година, изјави за украинската телевизија потпретседателот на Врховната рада на Украина Андреј Парубиј. 

Киевскиот политичар истакна дека посетил меѓународна конференција „на која имал можност да разговара со хрватските колеги кои биле на чело на хрватската држава во периодот на кризата која многу личеше на нашата“. „Со изненадување дознав дека таму сѐ било многу слично на она што денес се случува во Украина. Тие исто така донеле одлука за специјален статус на тие територии. Исто така сакале да ја да надмудрат меѓународната заедница и прво не усвоиле статус, туку правилник, а кога меѓународната заедница им рекла „погрешивте“, морале да усвојат закон за специјален статус на тие региони. Освен тоа, подготвена е и заедничка програма за излегување од кризата која предвидувала постоење на држава во држава, каде српските територии би добиле своја власт, своја милиција, свој јазик, своја валута. Државната власт ја задржала само надворешната политика и војска. И договорот бил отфрлен само затоа што сепаратистите го одбиле, а Хрватите дури биле и подготвени на тоа“, објасни Парубиј.   

Според неговите зборови, на прашањето во што била логиката на тие компромиси, соговорниците му одговориле: „Треба да се добие на време, да се подготви војската, да се вооружи за да можеме еден ден да прејдеме во офанзива. Поминаа четири години и едно утро почна операцијата „Молња“ и успеавме за два дена да исчистиме една голема територија, а потоа почна операцијата „Бура“ и за неколку дена исчистивме друга голема територија“.

Парубиј објасни: „Да се добие на време – истото тоа често ни го повторуваат нашите меѓународни партнери. Тоа ни го зборуваа и пред усвојувањето на Уставот. Ни рекоа: потребно ни е време за со санкции да го притиснеме Путин, како што некогаш го притискаа Милошевиќ, и за да ви помогнеме да се вооружите и да ја опремите својата војска. И кај нас ќе биде исто како што беше таму. Потребно ни е време, меѓународната заедница со санкции да ја уништи финансиската империја што ја градеше Путин и за да ја вооружиме нашата војска и го дочекаме утрото кога ќе ги започнеме своите операции „Молња“ и „Бура“.



 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња