Лукашенко: Украина самата се постави така спрема Крим

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко рече дека при припојувањето на Крим на Русија Украина самата се поставила така.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко рече дека при припојувањето на Крим на Русија Украина самата се поставила така.

„Јас сум подлабоко упатен во ситуацијата. Не требаше така да се постави. Можеби утре некој би сакал да ни земе дел од Полесје. Можете ли да си замислете каква би била мојата реакција и на моите луѓе? Ние би се бореле за секое парче земја“, рече Лукашенко.

Белорускиот лидер потсети дека се сретнал со Александар Турчинов кој тогаш ја извршуваше должноста претседател на Украина и го прашал за причините за пасивноста на украинските власти „Му реков на Турчинов, ако е тоа ваша земја, зошто не се боревте за неа. Особено што таму имаше многу украински војници. Зошто не војувавте? Признавте дека тоа не е ваша земја?  

Лукашенко повеќепати има изјавено дека Крим не е украинска територија. Минск официјално не го признава Крим како дел од руската територија, но одби да ја потпише завршната декларација на самитот на „Источно партнерство“ во која се споменува анексија на Крим.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња