„Билт“: Новиот „суперброд“ на Путин ќе најде дупки во одбраната на САД

По повод Денот на Воената морнарица на руските вооружени сили во текот на големата парада во Калининград им беше предаден извидувачкиот брод „Јуриј Иванов“.

По повод Денот на Воената морнарица на руските вооружени сили во текот на големата парада во Калининград им беше предаден извидувачкиот брод „Јуриј Иванов“. На примопредавањето на „суперсовремениот шпионски брод“ на руската војска присуствуваше и претседателот на Русија Владимир Путин, пишува „Билт“, а пренесува „RT”.

Како што се наведува во статијата, тоа е прво шпионско пловило од нова генерација кое би требало да ги идентификува и следи американските бродови на противракетната одбрана на САД. Во случај на војна, тие бродови ќе направат дупка во американскиот противракетен систем, а тие дупки подоцна ќе можат да ги користат и други бродови кои ќе ги насочат кон нив своите интерконтинентални балистички ракети.  

Покрај многуте можности што ги има бродот, „Јуриј Иванов“ може да врши и „класични шпионски задачи“ и тоа многу поефикасно од неговите претходници.

За изградбата на бродот беа потребни 11 години. Изградбата на уште еден ваков брод почна во 2013 година, а руската флота планира до 2020 година да има уште четири вакви бродови.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња