Новиот роман на Пелевин „Надзорник“ ќе излезе во септември

Романот „Надзорник“ ќе биде издаден во два тома.

Новиот роман на писателот Виктор Пелевин под наслов „Надзорник“ ќе излезе кон почетокот на септември, точен датум засега нема, соопштија од издавачката куќа „Ексмо“.

„Точен датум на излегување на книгата немаме. Во секој случај, книгата треба да излезе до Московскиот меѓународен саем на книгата – кон почетокот на септември“, изјавија од издавачката куќа.

„Надзорник“ ќе биде издаден во два тома. Како што велат од „Ескмо“, „за што всушност се работи во романот, ќе зависи од читателот и неговиот избор“. „Жанровата форма на новото дел, истовремено и мистично и реалистично, го доби називот „салто на размислувањето“ – директна референца на литературните традиции на Карлос Кастанеда и неговата „Моќта на тишината“.

Пелевин го наречуваат главен мистификатор на современата литература. Писателот уште од самиот почеток на својата творечка кариера практично не комуницира со медиумите и не се среќава со поклониците на неговото творештво, а појавувањето на секоја негова нова книга е обвиено со мала таинственост. На пример, во 2008 година неговата книга „П5“ се појави во продажба точно на полноќ на 5 октомври, што создаде редици пред малкуте продавници кои работеа толку доцна.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња