Поранешниот изведувач на работите на „Јужен тек“ ќе отпушти 8,8 илјади вработени

Италијанската компанија „Саипем” поради неуспехот на проектот „Јужен тек“ и падот на цената на нафтата ќе го намали бројот на работни места, па така, без работа ќе останат 8800 вработени, пишува „Дојче Веле“, а пренесува „Комерсант”.

Италијанската компанија „Саипем” поради неуспехот на проектот „Јужен тек“ и падот на цената на нафтата ќе го намали бројот на работни места, па така, без работа ќе останат 8800 вработени, пишува „Дојче Веле“, а пренесува „Комерсант”.

Оваа фирма во моментов вработува 50 илјади луѓе, а во текот на првото полугодие од 2015 година забележа загуби од 920 милиони евра. Во следните три години „Саипем“ мора да заштеди 1,3 милијарди евра за да си ја поврати конкурентноста во својата основна дејност.

Претходно ова издание соопшти дека по половина година безуспешни преговори со Турција „Гаспром” по вторпат фактички го запре проектот за јужниот дел кој би служел за испорака на гас во Европа. Рускиот холдинг го раскина договорот со италијанската фирма „Саипем” за изградба на првиот крак на гасоводот „Турски тек” неколку дена пред почетокот на работите, Како што се наведува, со тоа изградбата е одложена најмалку до идната година. Според зборовите на изворот, „Гаспром” сега игра на картата на „Северен тек” за испорака на рускиот гас преку Балтичко Море во Европа, со што ќе се избегне транспортот преку Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња