По француските, и италијански и унгарски пратеници ќе го посетат Крим

По престојот на француската делегација на Крим, одлука за посета донесоа и италијанските и унгарските пратеници.

По престојот на француската делегација на Крим, одлука за посета донесоа и италијанските и унгарските пратеници. Како што рече еден од организаторите на посетата, претставникот на движењето „Пет ѕвезди“ Манлио ди Стефано, тој во следните неколку дена ќе се обрати до претставниците на руската амбасада во Рим за да го организира заминувањето на италијанската делегација на Крим.  

Според него, делегацијата ќе брои од 8 до 10 членови, а групата ќе биде предводена од членот на Парламентарната комисија за надворешни работи Алесандро ди Батиста. Планирано е патувањето да се одржи на почетокот на ноември, пишува „Комерсант”.

Подготвеност да ѝ се придружи на делегацијата изрази и пратеникот од движењето „Северна лига“ Серџо Дивина. Предлогот за посета на Крим бил даден од потпретседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата на Русија Андреј Климов. На италијанските пратеници ќе им се придружат и потпретседателот на Комитетот за надворешни работи на Унгарија и еден од лидерите на партијата „Јобик” Мартон Ѓоњоши. Претходно беше соопштено за подготвеноста за посета на Крим и од страна на европскиот пратеник Надин Морано, кој в јуни во Европскиот парламент ја основа групата „За нов дијалог со Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња