Во Русија би можел да се појави нов суперавтомобил „Волк“

Конструкторот на рускиот суперавтомобил „Marussia“ Игор Ермилин призна дека работи на проект на нов автомобил кој ќе биде уште поексклузивен од претходниот месец.

Конструкторот на рускиот суперавтомобил „Marussia“ Игор Ермилин призна дека работи на проект на нов автомобил кој ќе биде уште поексклузивен од претходниот месец. Новиот модел би можел да се вика „Волк“, ако се најде за него инвеститор.

Како што за „Известија“ изјави бившиот главен конструктор на автомобилот „Marussia“, се работи за автомобили од поединечно производство. Додека обемот на продукција на „Marussia В1“ беше околу стотина автомобили годишно, планирано е производството на моделот „Волк“ да се ограничи на само неколку десетици примероци годишно, при цена од 1 до 2 милиони евра.

Конструкторот е уверен дека потенцијалниот руски новитет нема конкуренција, освен можеби шведската марка  „Koenigsegg“ сао концептот „најбрз сериски автомобил“. Меѓутоа, главната идеја за„Волк“ не се ниту брзината ниту силата, туку конфорот. Тој нема да биде автомобил за викенд, како што е „Ферари“, и ќе може да се вози почесто отколку еднаш неделно, за разлика од „Koenigsegg“ и „Pagani“.

Според зборовите на Ермилин, новиот двосед е наменен за обични патишта. Тој не предвидува учество на трки, затоа што тоа би значело дополнителни трошоци.

Работниот наслов „Волк“, според мислењето на конструкторот“, има „моќна и интересна слика, која човекот веќе со илјадници години ја носи во свеста, која е емотивна и мистична“. И стилски автомобилот би требало да асоцира на волк.  

Проектот би требало да се исплати за четири до пет години. Кога проектот ќе биде завршен, изработката на серискиот автомобил ќе трае околу година и половина. На потег се инвеститорите, но засега реакцијата на бизнисмените е млака, изјави Ермилин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња