Руската економија се намали за 3.7%

AP
Падот на руската економија го достигна својот максимум, а во наскоро време ќе започне закрепнувањето, сметаат економистите. Во првата половина од 2015 година БДП на Русија се намалил за 3.7%. Притоа идниот пораст на руската економија е поврзан со привлекување странски инвестиции.

Падот на руската економија го достигна својот максимум, а во наскоро време ќе започне закрепнувањето, сметаат економистите. Според податоците на експертите од Вишата школа за економија, кој претставува авторитетен независен институт, во првата половина од 2015 година БДП на Русија се намалил за 3.7%. Како што се вели во годишниот мониторинг за економската ситуација што го составува Руската академија за народно стопанство и државна администрација, која е блиска до Владата, „јуни во определена смисла е преломен месец во развојот на кризата на руската економија“. Падот на основните показатели е забавен. Така во индустријата тој изнесува 4.8% во јуни, а во мај изнесувал 5.5%, обемот на инвестиции во јуни е намален за 7.1% за разлика од мај кога изнесувал 7.6%, а невработеноста достигнала 5.5% и престанала да расте. „Можно е дека сега се наоѓаме на економското дно“, вели Јуриј Архангељски од консултантското биро „Финанс Брокер“.

Перспективи за пораст

Според податоците на економистите од Вишата школа за економија, порастот на руската економија може да започне во 2016 година. „До крајот на годината ќе се случува само 'забавување на намалувањето', а во 2016 година ќе започне 'мал пораст'“, се вели во истражувањето. Според аналитичарот на брокерската компанија FBS Елизавета Белугина, „до тој момент, какви било позитивни проблесоци ќе имаат само привремен карактер“. Според податоците на Руската академија за народно стопанство и државна администрација, „на динамиката на руската индустрија, освен внатрешната побарувачка, ќе влијае и намалувањето на инвестициската активност, намаленото кредитирање и намалувањето на цената на нафтата“.

„Доколку цената на нафтата остане во границите на 60 долари за барел, а во следниве месеци таа ќе падне под оваа бројка, рускиот буџет ќе се најде во мошне тешка положба, така што нема да има сила за враќање кон пораст на БДП“, смета Елизавета Белугина. Од своја страна, според податоците на директорот на одделението за истражување на пазарот при CBRE Валентина Гаврилова, „најголема надеж постои за четвртиот квартал од 2015 година, кога ќе порасне сезонската побарувачка за нафта и ќе се намалат каматите“.

Се надеваме на странците

Во поголем дел порастот на руската економија аналитичарите ја поврзуваат со привлекување странски инвестиции. Обемот на вложување во руските акции и облигации изнесувал 300 милијарди американски долари, се забележува во истражувањето на Институтот „Гајдар“ и Руската академија за народно стопанство и државна администрација. „Западните инвеститори престанаа да реагираат дури и на негативните нешта кои се поврзани со геополитичките ризици на Русија поради присоединувањето на Крим“, вели за „Руска реч на македонски“ еден од авторите на истражувањето, шефот на лабораторијата на Руската академија за народно стопанство и државна администрација Александар Абрамов. Сепак, експертот забележува дека во среднорочна перспектива инвеститорите најверојатно ќе претпочитаат развој на пазарот. „Засилувањето на ризиците од девалвацијата на рубљата, макроекономската нестабилност, заострувањето на ситуацијата со санкциите, политичкиот притисок врз инвеститорите можат да доведат до нов бран на распродажба на активите што останаа“, вели Абрамов.

Според прогнозите на началникот на управата за операции на руската берза „Фридом Финанс“ Георгиј Вашченко, инвеститорите, гледајќи на пазарот на Кина, претпочитаат да инвестираат во развој на пазарите кои покажуваат најдобра динамика. „Во очите на крупните берзи рускиот пазар нема предности пред пазарите на САД и на земјите од Европа“, вели тој. Впрочем, експертот потсетува дека делот на руските хартии од вредност на глобалните пазари, по правило, е незначителен и надминува 1-2% од вкупниот број.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња